Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танчарот. Има гласини дека сегашната сопруга ја изневерил повеќепати, па еднаш и се разделиле заради тоа – Кои мрачни тајни Џастин Тимберлејк се надева дека никогаш нема да се дознаат?
Џастин Тимберлејк деновиве е во фокусот на јавноста откако во дел од светските медиуми беа објавени повеќе извадоци од најновата книга на Бритни Спирс, The Woman in Me, каде таа детално зборува за нејзината долгогодишна врска со пејачот, и откри тајни што тој се надевал дека ќе останат закопани засекогаш.
Џастин важи за музичка ѕвезда која со години наназад се труди да го сочува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, но како и да е детали од неговото неславно минато секогаш наоѓале пат во таблоидите и медиумите.
Иако во тоа време Бритни тврдеше дека е невина и дека никогаш немале секс со Џастин, тој во една пригода откри дека таа информација не била точна.
Во својата книга, Бритни откри дека кога имала 18 или 19 години останала бремена од Џастин, но на барање на Џастин одлучила да ја прекине бременоста.
„Тоа беше изненадување, но за мене, не беше трагедија. Го сакав Џастин премногу. Отсекогаш очекував да имаме семејство заедно еден ден. Но тој ден дојде порано отколку што очекувавме.
Ми рече дека не е подготвен да имаме бебе и дека сме премногу млади“ – пишува Бритни меѓу другото и додава дека кога би требало да донесе сама одлука, никогаш не би прифатила да ја прекине бременоста.
Daily Mail, повикувајќи се на извори блиски до Џастин пишува дека музичарот верувал дека оваа тајна ќе остане закопана засекогаш и дека никогаш никој нема да дознае дека тие одлучиле да го абортираат детето.
„Џастин веруваше дека одлуката што ја донесоа е заедничка и планираше никогаш да не зборува за тоа и тоа да биде нивна тајна што никогаш нема да се дознае“ – велат доброупатените извори.
Уште еден момент што Џастин не сакаше да се дознае е приказната за неговите неверства.
По раскинувањето со Бритни Спирс тој го објави спотот за песната Cry Me a River, каде главната актерка премногу потсетува на Бритни, па многумина го протолкуваа како негов обид да ѝ се одмазди на поранешната девојка затоа што го изневерила.