„10 килограми за 2 месеца не е здраво!“: Ким Кардашијан критикувана за наглото слабеење + се правда за фустанот на Мерилин Монро
- Детали
- петок, 24 јуни 2022
Поминаа речиси два месеца од Мет галата, но критиките кон Ким Кардашијан не стивнуваат – бидејќи досега ослабела 10 килограми, јавноста ја осудува за промовирање строги, нездрави диети, а многумина се убедени и дека го уништила легендарниот фустан на Мерилин Монро.
Иако на почетокот се чинеше дека Ким Кардашијан ги воодушеви сите со фустанот на Мерилин Монро на овогодишната Мет Гала, сега, речиси два месеца по настанот, јавноста не престанува да ја критикува.
Најпрво Ким беше обвинета дека го уништила фустанот кој покрај високата цена, има и историска важност, а неодамна се соочи и со критики за наглото слабеење со цел да може „да влезе“ во фустанот.
Кратко по Мет галата, Ким откри дека држела строга диета и дека ослабела над шест килограми во период од две-три недели. Сега, пак, ријалити ѕвездата откри дека уште слабее и дека за помалку од два месеца успеала да симне речиси 10 килограми.
Прочитајте повеќе: Ким открива детали за фустанот на Мерилин Монро: „Бев на строга диета за да влезам во него, а го носев само неколку минути“
На папарацо фотките што се појавуваат периодов е јасно дека Ким никогаш не била послаба, но голем дел од јавноста смета дека со ова поставува лош пример за младите девојки.
Но, во неодамнешно интервју Ким тврди дека слабеела на здрав начин.
„Навистина сакав да го носам фустанот. Ми беше многу важно. Навистина научив многу за мојот животен стил и моето здравје и оттогаш продолжив да јадам многу здраво. Имам повеќе енергија од кога било. Престанав да консумирам шеќер и нездрава храна. Целосно го променив мојот животен стил“.
Претходно Ким изјави дека цел месец не консумирала ни јаглехидрати, а уште тогаш се соочи со критики, дури и од други познати личности.
Но, Ким ја споредува нејзината трансформација со онаа на актерите за потребите на нивните улоги.
„Не реков ’Зошто сите не ослабите за краток период?‘ Само си реков дека ако Кристијан Бејл може да го направи тоа за улога, тогаш е прифатливо. Дури и Рене Зелвегер се здебели за улога. Исто е и за мене“.
Сепак, и покрај обидите да се оправда, социјалните мрежи се преплавени со критики.
Дел од критиките на Твитер:
„Како личност која поголем дел од животот имала нарушување во исхраната, мислам дека на ова семејство му треба сериозна помош“.
„Навистина? Да ослабиш 10 килограми за два месеца не е здраво“.
„Би сакала луѓето да престанат да обрнуваат внимание на слабеењето на Ким и да престанат да го игнорираат фактот дека има направено промени на секој дел од телото, до тој степен што не личи на човек“.
„Сега уште повеќе ја мразам Ким бидејќи ги промовира нејзините рестриктивни диети и мисли дека нема ништо лошо во тоа. Ова е ужасно“.
Јавноста реагира бурно бидејќи огромен број девојки и жени страдаат од ниска самодоверба и одат до екстреми со обидите да изгледаат како познати личности и модели.
Кога станува збор за фустанот на Мерилин Монро, јавноста, но и бројни историчари и луѓе кои работат во музеи, сметаат дека Ким немала право да го носи.
Критиките се разгореа уште повеќе кога се појавија фотки кои покажуваат како изгледал фустанот пред и откако го носела Ким.
Прочитајте повеќе: Ким Кардашијан на одмор со дечкото – никогаш не била послаба, а ја критикуваат дека го уништила фустанот на Мерилин Монро
Фустанот изгледа истегнато околу рабовите, а некои фанови воочиле дека недостасуваат и неколку кристали.
Marilyn Monroe’s iconic dress has reportedly been damaged after being worn by Kim Kardashian at the Met Gala.
— Pop Crave (@PopCrave) June 13, 2022
The dress now shows signs of tearing, and several crystals are either missing or hanging off of it. pic.twitter.com/cFu1lUBmzS
Во истото интервју каде што зборуваше за слабеењето, Ким проба да се оправда и за фустанот.
„Се појавив на црвениот тепих по наметка и влечки, го облеков фустанот на дното на скалите, па се качив по нив – го носев можеби три, четири минути. Потоа веднаш го соблеков кога се качив по скалите“, вели Ким тврдејќи дека воопшто не е точно дека го уништила фустанот.
„Бев особено внимателно со фустанот на Мерилин бидејќи ја почитувам и јасно ми е колку е важен овој фустан за американската историја“.
И од музејот Ripley’s Believe it or Not тврдат дека фустанот не е воопшто оштетен:
„Од дното на скалите на Мет галата, каде што Ким го облече фустанот, до врвот каде што го соблече, фустанот си остана во истата состојба“.
Спирова С. | Црнобело