Целата вистина за скандалот: Рики Мартин обвинет за инцест од страна на неговиот внук
- Детали
- понеделник, 18 јули 2022
Откако јавноста дозна дека Рики Мартин бил обвинет за насилство од страна на маж со кој наводно имал 7-месечна афера, се огласи неговиот брат Ерик Мартин кој сподели дека жртвата е 21-годишниот внук на пејачот, кој сигурно лаже бидејќи има сериозни ментални проблеми, но и криминално досие. Според Ерик, ова не е првпат внукот да сака да му наштети на некој од семејството.
На почетокот од месецот, јавноста дозна дека Рики Мартин бил обвинет за насилство од страна на непознат маж со кој наводно имал 7-месечна афера.
Мажот стравувал за својата безбедност бидејќи пејачот го малтретирал додека траела аферата, но и одел пред неговиот дом откако раскинале.
Прочитајте повеќе: Рики Мартин обвинет за семејно насилство од маж со кого наводно имал афера – пејачот негира, доби забрана за приближување
Пред ден-два се појавија информации дека жртвата е всушност внукот на пејачот - 21-годишниот Санчез - кој е син на полусестрата на Рики Мартин.
Бидејќи станува збор за инцест, неколку медиуми споделија дека пејачот би можел да добие казна затвор од 50 години.
21-годишниот внук на Рики Мартин
Рики Мартин ги негираше обвиненијата, а откако се дозна идентитетот на жртвата, се огласија и неговите адвокати:
„Рики Мартин никогаш не бил и никогаш нема да биде вклучен во сексуална врска со неговиот внук. Оваа помисла не само што е лажна, туку е и одвратна.
Се надеваме дека мажот (Санчез) ќе ја добие помошта што очајно му треба. Но, најпрво се надеваме дека овој ужасен случај ќе биде отфрлен штом судијата ќе ги согледа сите факти“.
Во одбрана на пејачот се огласи и неговиот брат – Ерик Мартин – кој тврди дека Санчез има сериозни проблеми со менталното здравје, но и криминално досие.
Рики Мартин со брат му Ерик