Рики Мартин обвинет за семејно насилство од маж со кого наводно имал афера – пејачот негира, доби забрана за приближување
- Детали
- понеделник, 04 јули 2022
Рики Мартин доби забрана за приближување од непознат маж од Порторико според кој тој и пејачот имале афера. Сега мажот стравувал за својата безбедност бидејќи по раскинувањето пред два месеца, пејачот одел пред неговиот дом.
Неколку познати медиуми споделија дека Рики Мартин е обвинет за вознемирување од страна на маж кој тврди дека имал афера со пејачот. Сега се огласи и Рики Мартин, изјавувајќи дека целата приказна е лага.
Рики Мартин, кој потекнува од Порторико, добил забрана за приближување од Порториканец со кого наводно имал афера.
Според DailyMail, не е возможно да се дојде до идентитетот на мажот поради закон во Порторико кој ги штити жртвите на семејно насилство.
Мажот тврди дека тој и пејачот се гледале седум месеци, а се разделиле пред два. Бидејќи Рики Мартин не можел да се помири со разделбата, трипати отишол до неговиот дом.
Поради ова, мажот вели дека е жртва на семејно насилство и дека стравува за својата безбедност.
Поради забраната за приближување, Рики Мартин не смее да го контактира мажот на никаков начин, сè додека судија не одреди дали забраната треба да продолжи да важи.
Набрзо откако приказната допре до медиумите, се огласија адвокатите на Рики Мартин:
„Обвиненијата против Рики Мартин кои доведоа до забрана за приближување се потполно лажни и измислени. Ние сме сигурни дека кога вистината ќе излезе на виделина, нашиот клиент Рики Мартин ќе биде ослободен од сите обвиненија“.
Набрзо потоа, пејачот се огласи и на Твитер:
„Забраната против мене е заснована на потполно лажни тврдења, па јас ќе одговорам со факти и достоинството што ме карактеризира. Бидејќи ова е легален проблем, не можам да дадам детална изјава.
Благодарен сум за пораките за сочувство и ги примам со целото мое срце“.
https://twitter.com/ricky_martin/status/1543764013141614594
Инаку, 50-годишниот Рики Марин е во брак со 37-годишнит Џуан Јозеф од 2017 година.
Тој е и татко на четири деца – пред бракот до Џуан доби близнаци од сурогат мајка, а потоа со сопругот добија уште две деца, исто така со помош на сурогат мајка.
Спирова С. | Црнобело