Смее сама да вози и да вади пари од банкомат, пие лекови кога сака - Што прави Бритни Спирс откако се ослободи од старателството?
- Детали
- вторник, 12 април 2022
Добила дозвола сама да вози автомобил, за првпат после долги години сама извадила пари од банкомат и си купила нешто за себе, позира гола, смее да пие лекови кога сака, се сврши со Сем Ашгари и остана бремена - какви промени се случија во животот на Бритни откако се ослободи од старателството на татко ѝ?
Во ноември минатата година Бритни Спирс (40) конечно се ослободи од 13-годишното легално старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс и во последните пет месеци е слободна да прави што сака.
Во своето потресно сведочење додека ја водеше битката за ослободување од легалното старателство Бритни Спирс посочи неколку шокантни детали за нејзиниот живот во изминатите 13 години.
Таа тврдеше дека татко ѝ го ограничува нејзиното трошење, нејзиното движење, па дури не ѝ дозволуваат ниту да стапи во брак со нејзиното момче Сем Ашгари или да има деца.
Вчера (11.04) Бритни на нејзиниот Инстаграм профил објави дека е бремена со првото дете со свршеникот Сем Ашгари, кого веќе го нарекува „сопруг“, а со тоа по третпат ќе стане мајка.
Убавите вести ги потврди и Сем кој објави слика со лав и лавица и мало лавче и до неа напиша:
„Бракот и децата се нормален дел од силната врска исполнета со љубов и почит. Татковството е нешто што долго време го очекував и воопшто не го земам здраво за готово. Тоа е најважната задача што некогаш сум ја имал“ – напиша тој.
Се чини дека на Бритни, по завршувањето на легалното старателство, ѝ се исполнија двете најголеми желби - се сврши со Сем Ашгари и повторно ќе стане мајка.
Но, што друго направи таа во изминатите пет месеци?
Конечно може да вози автомобил и сама да подигне пари од банкомат
Откако се ослободи од старателството пејачката конечно може сама да вози автомобил. Таа објави видео во кое рече дека е неверојатно чувството сама да ги земе клучевите од автомобилот и да види пари по толку многу години и сама да си купи свеќи.
https://www.instagram.com/p/CX4zz8qFUdb/?utm_source=ig_web_copy_link
Лекови против болки
По завршувањето на легалното старателство Бритни почна сериозно да вежба со цел да ослаби и да се подготви за одмор.
Рече дека за првпат по многу години може слободно да земе лекови против болка за да се ослободи од болката во мускулите.
Прочитајте и Телохранител на Бритни открива детали: „Ѝ даваа тешки лекови поради кои стануваше неразумна, не се бањаше со денови“
Зема ново куче
На одморот во Мауи, Бритни најде ново кученце што го крсти Сојер и го зема дома.
„Смешно е, тој не знае да ми одговори, но чувствувам дека ме разбира. Ми го стопи срцето, чувствувам дека сум му потребна и ми се допаѓа тоа“ – рече Бритни.
По 13 години го прослави својот роденден
Поп пејачката го прослави својот 40-ти роденден со патување во Мексико. Таа и Сем отпатуваа со приватен авион, од каде објави разголени фотографии со кои ја шокира јавноста.
Следеше уште едно патување каде го прославија 28-иот роденден на Сем.
https://www.instagram.com/p/CaqQkLEONGg/?utm_source=ig_web_copy_link
Разголени фотографии и видеа од одмори
Во последните пет месеци се чини дека Бритни и Сем се постојано на одмор, а поп-пејачката не престана да ја изненадува јавноста со разголените фотографии и видеа оттаму.
Бритни се фотографираше целосно гола на плажа, а фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
Во потрага е по нов дом
Бритни објави дека по 7 години поминати во моменталниот дом, конечно е време за промена и дека е во потрага по нова куќа.
Најави дека ќе напише книга за нејзиниот живот
Бритни најави дека ќе напише книга за сопствениот живот во одговор на мемоарите што ги објави нејзината сестра Џејми Лин Спирс. Според достапните информации Бритни веќе потпишала договор вреден 15 милиони долари.
Почна да пие кафе
Пејачката откри дека по две години почнала пак да пие кафе. По првиот филџан веднаш ѝ се отвориле очите, а потоа танцувала 3 часа.
Прочитајте и Експлицитни кадри, роденден на свршеникот: Бритни Спирс на егзотичен одмор (18+)
Б. С. Б. | Црнобело