Бритни Спирс го очекува првото дете со Сем Ашгари: „Во минатите две бремености се борев со депресија, но молчев“

Во потресното сведочење на суд додека се бореше за ослободување од легалното старателство од татко ѝ, Бритни Спирс (40) рече дека не ѝ било дозволено да се омажи повторно и да забремени. Сега, само неколку месеци подоцна пејачката најави дека е бремена со првото дете со свршеникот Сем Ашгари (28). 

britni-spirs-objavi-deka-e-bremena-kje-vezhbam-joga-za-da-se-boram-so-depresijata-i-kje-se-krijam-od-paparaci-01.jpg

Бритни Спирс во изминатиот период постојано објавуваше постови во кои вербално се пресметуваше со членовите на нејзиното семејство, разголени видеа и фотографии со кои ја шокира јавноста, а сега најави дека ќе стане мајка по третпат.

britni-spirs-go-ochekuva-prvoto-dete-so-sem-ashgari-vo-minatite-dve-bremenosti-se-borev-so-depresija-no-molchev-02.jpg

Таа на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот свршеник Сем Ашгари го очекуваат првото заедничко бебе. Како што вели, почнала да се сомнева дека е во блажена состојба откако почнала брзо да качува килограми.

„Загубив толку многу килограми за да одам на одмор на Мауи, за пак да се здебелам... Си мислев ‘Господе... Што му се случува на мојот стомак???’

Сопругот ми рече дека не сум бремена. Сепак, земав тест за бременост, па по 4 дена уште повеќе се здебелив. Бебето расте! Ако има две бебиња не знам што ќе правам“ – пишува Бритни.

britni-spirs-go-ochekuva-prvoto-dete-so-sem-ashgari-vo-minatite-dve-bremenosti-se-borev-so-depresija-no-molchev-06.jpg

Пејачката која веќе има два сина од бракот со Кевин Федерлајн, Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) најави дека во идниот период не планира премногу да излегува со цел да ги избегне папараците што се обидуваат да направат фотографии со неа.

britni-spirs-go-ochekuva-prvoto-dete-so-sem-ashgari-vo-minatite-dve-bremenosti-se-borev-so-depresija-no-molchev-04.jpg

Таа накратко се наврати на нејзините претходни бремености и откри што е она што ѝ било најтешко.

„Тешко ми е затоа што кога бев бремена имав перинатална депресија... Тогаш жените воопшто не говореа за тоа.

Некои луѓе сметаа дека е опасно ако жена постојано се жали со бебе во неа. Но, сега жените говорат за тоа постојано.

Фала му на бога што не треба таа болка да ја чуваме во најголема тајност. Овојпат ќе вежбам јога секој ден и ќе ширам само радост и љубов“ – порача таа.

Инаку Бритни и Сем се речиси 6 години заедно, а во септември минатата година, набрзо откако пејачката се ослободи од легалното старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, Сем ја запроси со дијамантски прстен во нивниот дом во Калифорнија.

За време на своето сведошење против нејзиниот татко Бритни изнесе повеќе шокантни информации меѓу кои и дека постојано била чувана под лекови од страна на нејзините старатели, била однесена во институции против нејзина волја, а старателите не ѝ дозволувале да стапи во брак со нејзиното момче и да има уште деца.

Прочитајте и Експлицитни кадри, роденден на свршеникот: Бритни Спирс на егзотичен одмор (18+)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg