Бритни Спирс конечно слободно се дружи со синовите + се појави во незгоден фустан на вечера со дечкото (фото)
- Детали
- среда, 29 декември 2021
Бритни Спирс ги однесе синовите на уметничка изложба, а потоа отиде и на романтичен состанок со момчето Сем Ашгари. Додека таа ужива во слободата, изворите тврдат дека со момчето веќе се обидуваат да добијат дете.
Бритни Спирс ужива во секој миг од слободата и покрај честите излегувања со момчето Сем Ашгари, пејачката имаше и забавен ден со нејзините синови Шон Престон и Џејден.
Пејачката ги доби синовите со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, а бидејќи тие живеат со нивниот татко, таа ги гледаше многу ретко. Сепак, откако се ослободи од легалното старателство, Бритни минува повеќе време со нив.
На почетокот од неделата Бритни ги однесе синовите на интерактивна уметничка изложба во Лос Анџелес. Со нив беше и нејзиното момче Сем Ашгари, кое изгледа е во одличен однос со синовите на Бритни.
Бритни сподели видео од посетата, со опис: „Авантурите со децата се многу забавни“.
Според другите присутни на изложбата, Бритни никогаш не изгледала посреќна.
„Бритни беше многу среќна и безгрижна, како дете. Изгледаше слободно и радосно додека си играше со децата и можеше да го покаже нејзиното вистинско забавно лице. Сем беше пресреќен што ја гледа таква. Ми изгледа како Бритни да е одлична мајка“, вели извор за People.
Изгледа Бритни навистина ја цени уметноста, бидејќи кратко откако ја доби судската битка, ги однесе синовите на изложба на Ван Гог.
Тогаш пејачката сподели неколку фотки со синовите, на кои нивните лица се покриени со маски. Сепак, од непознати причини, подоцна ја избриша објавата.
Бритни и Сем сè почесто излегуваат и по ресторани, па на почетокот од неделата беа забележани како влегуваат во нивниот автомобил.
За пригодата пејачката одбрала краток фустан со долги ракави во крем боја, додека Сем беше во полежерно издание со фармерки, патики и елек.
Пејачката се обидуваше да го скрие нејзиното лице додека се движеа кон автомобилот и фустанот да не ѝ се подигне повеќе од потребното...
Додека Бритни ужива во новата слобода, извори блиски до парот тврдат дека во новата 2022 година тие планираат да станат родители.
За време на сослушување во врска со нејзиното легално старателство, Бритни откри дека присилно ѝ била ставена спирала за да не може да забремени.
Според изворите, Бритни и Сем се пресреќни и едвај чекаат да основаат семејство. А, сега откако Бритни си ја врати слободата, изворите тврдат дека веќе се обидуваат.
https://www.instagram.com/p/CW9RtpLvgAW/
Спирова С. | Црнобело