„Ова е слобода“ – Бритни Спирс танцува откако нејзиниот татко се откажа од легалното старателство над неа
- Детали
- петок, 13 август 2021
Со видео на коешто танцува, Бритни Спирс ја прослави големата победа во борбата за нејзината слобода, откако татко ѝ најави дека се откажува од легалното старателство над неа по 13 години контролирање на нејзиното мултимилионско богатство и живот.
Во текот на вчерашниот ден (12.08) таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс одлучи да се откаже од легалното старателство врз мултимилионскиот имот на пејачката.
Иако тој тврдеше дека нема „реални причини за негово отстранување“ од легалното старателство на ќерка му, сепак тој пред судот изјави дека смета дека ќе биде најдобро за ќерка му доколку се откаже.
Тој напомена дека иако не се согласува со тоа да биде исклучен, сепак не сака да води јавна битка со неговата ќерка и подготвен е во иднина да соработува со судот и со идниот старател на Бритни.
Од друга страна, Бритни големата победа ја прослави на Инстаграм. Таа објави кратко видео на кое танцува и до него напиша кратка порака:
„На последниот танц со црвената маица можете да видите дека сум мошне несигурна кога танцувам, но да се опуштиш - тоа значи да си слободен! Не сум сигурна зошто сум толку внимателна... Можеби го слушам левото стапало што ми беше скршено! Можете да забележите кога се вртам, но се надевам дека наскоро во целост ќе се опуштам“.
Инаку, Џејми Спирс беше легален старател на Бритни од 2008-мата година, кога таа претрпе јавен нервен слом по разводот со Кевин Федерлајн.
Бритни минатиот месец имаше јавно сведочење пред судот во Калифорнија во кое изнесе повеќе шокантни факти за тоа како старателите не ѝ дозволуваат да се омажи за нејзиното момче ниту пак да стане мајка. Таа легалното старателство го спореди со трговија на бело робје.
Прочитајте и Џастин Тимберлејк застана во одбрана на Бритни Спирс, по потресното сведоштво дека не ѝ дозволуваат да има деца
Б. С. Б. | Црнобело