Телохранител на Бритни открива детали: „Ѝ даваа тешки лекови поради кои стануваше неразумна, не се бањаше со денови“
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
Ѝ давеле лекови против психози и контрацепција за бременост, па од нормална личност почнувала да зборува за паралелни универзуми, а не се бањала со денови, чепкала нос и испуштала гасови пред него – открива поранешен телохранител на Бритни.
Ослободувањето на поп пејачката Бритни Спирс од легалното старателство на нејзиниот татко е топ-тема во медиумите во изминатиот период.
Во јавноста излегоа голем број колеги и нејзини обожаватели за да ѝ дадат поддршка, а и нејзини поранешни вработени говорат за „пеколот“ низ кој минувала поп-ѕвездата.
Фернандо Флорес е поранешен полицаец што помагал во обезбедувањето на Бритни Спирс. Тој е татко на 4 деца, а за Бритни почнал да работи во 2010-тата година, односно откако Џејми Спирс станал легален старател на Бритни.
Поранешниот телохранител во интервју за британски Sun вели дека некоја жена доаѓала секој петок со лековите за пејачката додека тој работел за неа.
„Јас требаше да ѝ објаснам на Бритни за што беа лековите – три лекови против психози и контрацепција за бременост. По ова, таа од здрава и нормална личност, почнуваше да говори за паралелни универзуми“ – вели Флорез.
Тој вели дека таткото на Бритни, Џејми се јавувал по 3 до 4 пати во денот за да праша како била Бритни и дека таа за сè што сакала да направи требало прво да се консултира со татко ѝ.
„Таа ги поминуваше деновите гледајќи телевизија или во вежбање. Кога не се чувствуваше добро ја слушаше песната на Џејмс Браун It’s a Man’s World и плачеше“ – тврди Флорес.
Фернандо Флорес на ова работно место останал само осум месеци, а беше актуелен и во 2011-тата година кога ја тужеше пејачката и бараше оштета од 10 милиони долари затоа што тврдеше дека таа сексуално го малтретирала, користела дрога и во основа била „гадна“.
„Таа испушташе гасови или го чепкаше носот без совест и без срам пред мене и пред другите и беше постојано гласна и безобразна додека говореше. Не се бањаше со денови, не користеше дезодоранс, не ги миеше забите, не сакаше да ја среди косата, не носеше чевли или чорапи“ – изјави тогаш тој во судот.
Сепак, ваквите негови тврдења во тоа време беа оценети како лаги.
Бритни Спирс беше ставена под легално старателство на нејзиниот татко во 2008-мата година откако имаше јавен нервен слом по разводот со Кевин Федерлајн.
Бритни сега се бори да се ослободи од легалното старателство од нејзиниот татко. Таа неодамна сведочеше пред судот кога откри дека татко ѝ и легалните старатели одлучувале за сè во нејзиниот живот.
Тие не ѝ дозволувале да се омажи за нејзиното ново момче Сем Ашгари и не ѝ дозволувале повторно да стане мајка.
Сепак, по најавите дека на Бритни ќе ѝ биде дозволено сама да го избере адвокатот што ќе ја застапува пред судот, фотографите успеаја да ја уловат и дека на раката веќе носи веренички прстен. Дали ова е нејзин начин за да покаже дека е решена да си го врати животот во свои раце, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело