Кајли Џенер излезе по 5 месеци во нетипично издание за неа, откако откри дека има постпородилна депресија (фото)
- Детали
- вторник, 05 април 2022
По цели 5 месеци и откако откри дека има постпородилна депресија, Кајли Џенер се појави во јавност во нетипично издание за неа – без шминка и со широка облека. Таа беше во Дизниленд со Тревис Скот и ќерката Сторми, но со нив не беше новороденото синче чие име уште не е познато.
Првпат по пет месеци, Кајли Џенер се појави во јавност. 24-годишната ријалити ѕвезда беше забележана во Дизниленд со Тревис Скот и нивната ќерка Сторми.
Кајли, која го роди второто дете во февруари годинава, целосно се повлече од јавноста по инцидентот на концертот на Тревис Скот. Извесен период таа „исчезна“ и од социјалните мрежи, а успеа да скрие и голем дел од втората бременост.
На семејната посета во Дизниленд, Кајли беше во лежерно издание во црна облека.
Младата богаташка носеше блузон, широки панталони и патики, а речиси и да не носеше шминка.
Неодамна Кајли сподели интимни детали од втората бременост во видео, а откри и дека страдала од постпородилна депресија. Па, покрај стампедото на концертот на Тревис, ова е другата причина што речиси целосно се повлече од јавноста.
Кајли откри и дека го промениле името на синот со Тревис – најпрво го крстија Волф (волк), но уште го немаат споделено новото име.
Врската на Тревис и Кајли е енигма за јавноста и парот официјално нема потврдено дека е заедно. Сепак, веќе постојат гласини дека можеби се вериле, па дури и венчале во тајност изминатиов период.
Прочитајте повеќе: „Имам постпородилна депресија, му го сменивме името на синот“ – Кајли Џенер сподели интимни детали од бременоста во емотивно видео
Спирова С. | Црнобело