Роналдо се сонча, Џорџина внимава на децата – двојката ужива на одморот во Италија (фото)
- Детали
- понеделник, 10 август 2020
35-годишниот фудбалер и неговата 26-годишна девојка уживаат во топлото време во Италија на нивната јахта.
Папараците го уловија Роналдо како се сонча и внимава на неговите деца кои уживаат во малиот базен. На фотографиите може да се забележи и Џорџина, која носи розови хеланки и розов спортски градник.
Парот веќе цела недела е на одмор, а Џорџина објави и неколку фотографии на Instagram.
За јахтата на Роналдо е познато дека чини над 5 милиони фунти, а е опремена со 5 кабини, 5 тоалети, неколку простории за релаксација, трпезарија и куjна.
Во јуни годинава Џорџина ги разгори гласините дека таа и Роналдо се верени – објави фотографија на која најмногу внимание привлекува нејзиниот дијамантски прстен, за кои многумина се убедени дека е од Роналдо.
Ова не е првпат Џорџина да ги натера фановите да веруваат во нивната свршувачка. Во објава за нејзиниот 26-ти роденден, таа го нарече Роналдо нејзин „сопруг“. Сепак, бидејќи објавата е напишана на шпански, многу фанови велат значењето на зборот може да биде друго.
Роналдо ги негира гласините, па изгледа останува да видиме што е вистина, а што не.
Роналдо и Џорџина уживаат на нивната јахта:
Спирова С. | Црнобело