По испадот со плачење и скандалите, го спасуваат бракот – Ким и Канје на одмор со децата (фото)
- Детали
- понеделник, 10 август 2020
Канје ја покажа својата биполарност, ја навреди Ким во твитови и таа плачеше, па сега се обидуваат да се сплотат како семејство, но Ким се движи со 4-те деца, а тој оди сам... Дали ќе успеат да ја пребродат кризата?
Ким и Канје изгледа веќе 1 година имаат криза во бракот и живеат одвоено, а вистината исплива на површина по кандидатурата на Канје за претседател на САД.
Во низа твитови тој откри сочни детали за бракот со Ким, од што ријалити ѕвездата беше длабоко навредена, а потоа се отвори и зборуваше за проблемите со неговото ментално здравје.
Неодамна ја видовме како му оди на посета и беше забележана како плаче во автомобил, а сега изгледа се во обид да го спасат бракот.
Семејството со 4 деца е забележано како излегува од приватен авион во Доминиканска Република.
Ким се движи со 4-те деца, а Канје оди сам, што не дава знак дека нешто се променило, но останува да видиме.
Семејството Кардашијан-Вест во лежерно издание на одмор во Доминикана:
М. М. | Црнобело