„Таа е исцрпена“ - Ким Кардашијан во солзи на првата средба со Канје Вест по скандалите
- Детали
- вторник, 28 јули 2020
„Таа е многу емотивна во врска со сѐ и исто така исцрпена. Се чувствува повредено од страна на Канје“, вели извор близок до Ким, која Канје ја обвини и за неверство.
Ким Кардашијан одлета во Вајоминг за да има средба со нејзиниот сопруг Канје Вест.
Таа беше фотографирана за време на интензивен разговор со сопругот со солзи во очите. По неговата кандидатура за претседател и испадот на Твитер, каде откри интимни детали од нивниот брак, бракот на ријалити ѕвездата и проблематичниот рапер е во криза.
Канје дури ја обвини Ким дека имала афера со раперот Мик Мил за што потоа јавно се извини. Потоа, Ким призна дека Канје има проблеми со менталното здравје.
Ова е првпат парот да е фотографиран заедно по почетокот на кампањата на Канје.
„Таа е многу емотивна во врска со сѐ и исто така исцрпена. Се чувствува повредено од страна на Канје. Се обиде да допре до него многупати, но тој само ја игнорираше. Ова е лоша ситуација. Таа одлучи да одлета за да зборува со него во лице. Не сака повеќе да биде игнорирана“, изјави извор близок до парот.
Фотки од средбата на Ким и Канје:
С. С. | Црнобело