„Ким побара доктор за да ме затворат“ - расте стравот за менталното здравје на Канје Вест
- Детали
- вторник, 21 јули 2020
Канје Вест се кандидираше за претседател на САД и ја почна трката, но имаше скандалозен говор и низа бесмислени твитови што кренаа црвена тревога за неговата психичка состојба. Дали страда од биполарно растројство и очајно му е потребна професионална помош?
Канје Вест на Твитер напиша низа скандалозни твитови, од кои поголемиот дел подоцна ги избриша, и јавноста е загрижена за неговото ментално здравје.
Тој напиша дека неговата сопруга Ким Кардашијан Вест контактирала доктор и сакала да го затвори, по неговиот говор во кој со плачење откри дека го спасил животот на нивната ќерка.
Наводно таа дури му се заканувала со развод ако не се откаже од кампањата, откако Канје обелодени дека со Ким размислувале да го абортираат нивното најстаро дете, ќерката Норт, на првиот говор во претседателската трка во Јужна Каролина.
Канје тврди дека таа имала апчиња за абортирање на бебето, кога Господ му испратил порака и одлучиле да го задржат бебето, сега 7-годишната Норт.
43-годишниот рапер во текот на една иста ноќ на Твитер стави низа скандалозни твитови од кои дел ги избриша после еден час.
Во еден од нив бараше Ким и нејзината мајка менаџер Крис Џенер да го контактираат на ранчот на кој престојува. Потоа ја предупреди Крис да не си игра со него и ѝ нагласи дека не ѝ е дозволено да биде во близина на неговите деца.
Канје напиша и дека се колне дека мајката на Норт никогаш нема да ги продава нејзините секс снимки и дека децата нема да позираат за Плејбој.
Откако фановите на раперот почнаа отворено да покажуваат загриженост за психичката состојба на раперот, на Твитер се огласи и неговиот пријател милијардерот Илон Маск и напиша: „Зборувавме пред еден час. Звучи добро.“
Канје ја најави и промоцијата на неговиот нов албум.
С. С. | Црнобело