Славни личности кои се полиглоти - на кои јазици знаат да зборуваат?
- Детали
- недела, 09 август 2020
Штом станале успешни, факт е дека славните личности се талентирани. Но, глумата, пеењето, свирењето и танцувањето не се единствените нивни таленти.
Некои од нив се и полиглоти, односно зборуваат по три јазици, па и повеќе. Некои јазици ги зборуваат одлично, а некои ги разбираат само делумно, но сепак е неверојатно што имаат барем мало познавање од толку многу јазици.
Погледнете кои од нив спаѓаат во оваа категорија:
Салма Хајек – 5 јазици
Покрај шпанскиот и англискиот, Салма научила да го зборува и мајчиниот јазик на нејзиниот сопруг – францускиот. Наводно, таа имала познавање и од португалски и арапски.
Виго Мортенсен – 7 јазици
Виго е роден во Данска, но во детството живеел и во Аргентина. Токму поради ова знае да зборува дански и шпански. Покрај англискиот, тој зборува и италијански, француски и малку норвешки и шведски.
Шакира – 6 јазици
Познатата пејачка е од Колумбија, па шпанскиот ѝ е мајчин јазик. Таа знае и англиски, но и португалски, француски и италијански. Поради нејзиниот партнер Пике, таа научила и каталонски.
Натали Портман – 6 јазици
Актерката е родена во Израел, каде што живеела до нејзината трета година. Кога се преселила во САД, продолжила да го учи хебрејскиот, а научила и англиски.
Уште од рана возраст актерката покажала желба за изучување јазици, па почнала да ги учи францускиот, јапонскиот, германскиот, шпанскиот и арапскиот. Иако не ги зборува совршено, сепак има барем некакво познавање од нив.