5 години е сингл, а се појави на настан со огромен дијамантски прстен – Дали Џенифер Анистон се свршила во тајност?

„Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак“ – изјави пред 2 години Џенифер Анистон, која сега беше забележана со огромен дијамантски прстен. Таа ги подгреа гласините дека се свршила во тајност, а фановите се прашуваат кој успеал да ѝ го украде срцето.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-01.jpg

Актерката Џенифер Анистон во саботата (24.02) се појави на доделувањето на SAG наградите. На црвениот тепих таа зачекори во сребрен фустан со голем шлиц и длабоко деколте, но речиси сите очи беа вперени во огромниот дијамантски прстен на нејзината рака.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-02.jpg

Заради прстенот, многумина веруваат дека актерката одлучила по третпат да ѝ даде шанса на љубовта и дека е веројатно да се свршила во тајност, иако засега никој не знае дали таа воопшто се гледа со некого.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-03.jpg

Во последните пет години, Џенифер не била забележана со никого, а во едно интервју пред две години изјави дека не размислува за брак.

„Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак“ – изјави актерката и призна дека би сакала да има врска со некого кој би ѝ бил партнер и би ѝ помогнал во тешките периоди во животот.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-04.jpg

„Би сакала да бидам во врска... Којзнае? Има мигови кога сакам само да се стуткам и да речам: ‘Ми треба поддршка’.

Би било прекрасно да си дојдеш дома и да се фрлиш во нечија прегратка, па да речеш: ‘Ова беше навистина тежок ден’“ – изјави актерката во 2022-ра година.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-05.jpg

Таа тогаш додаде дека не би сакала да започне врска сѐ додека не успее да се посвети на себе и да се справи со сопствените трауми.

Актерката во една пригода рече дека тешкиот развод меѓу нејзините родители, кога таа имала само 9 години, оставил траги врз неа и дека заради нив таа не била полна со ентузијазам за да стапи во брак.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-06.jpg

Таа рече дека ѝ било многу полесно да биде сама затоа што не сакала да се жртвува себеси или сопствените потреби и дека не знаела како да го направи тоа.

„Затоа ми беше многу полесно да бидам сама. Немав кој да ме научи како да давам и да возвраќам во врските“ – изјави актерката.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-07.jpg

За потсетување, Џенифер беше во брак со Бред Пит од 2000-та до 2005-та година, а во 2012-та се сврши со нејзиниот втор сопруг Џастин Теру, со кого се разведе во 2018-та година.

5-godini-e-singl-a-se-pojavi-na-nastan-so-ogromen-dijamantski-prsten-dali-djenifer-aniston-se-svrshila-vo-tajnost-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg