„Двајцата чувствуваат дека бракот е готов“ - Ким и Канје Вест пред развод, плус фотки од раперот по скандалот
- Детали
- четврток, 23 јули 2020
Ким отворено проговори за биполарното растројство на нејзиниот сопруг, а според изворите споменала и развод, исто како и Канје.
Канје Вест, по сите скандали што ги направи, се релаксира со шопинг со еден свој пријател. Тој пазареше детска облека со коса офарбана во црвено и со маска на лицето.
Инаку, неговата сопруга Ким Кардашијан попушти и отворено проговори дека се чувствува беспомошно и дека нејзиниот сопруг страда од биполарно растројство и дури по еден испад почнал да прима и терапија.
Извори блиски до парот тврдат дека Ким (39) и Канје (43) веќе живеат одвоено, а дека ситуацијата во нивниот брак најмногу се влошила во периодот на карантинот.
Прво Канје спомена развод и ги шокираше фановите. Тој е во брак со Ким од ноември 2018 година. Но, извор близок до раперот и ријалити ѕвездата вели дека желбата за крај на бракот е взаемна и дека и Ким сака да стави точка на оваа заедница.
„Помеѓу нив нема добра комуникација, особено со случувањата во последниот период двајцата чувствуваат дека бракот е готов“, вели изворот.
Наводно ситуацијата долго била лоша, а сега само ескалирала со кандидатурата на Канје за претседател на САД, изнесувањето на интимни детали од нивниот брак и скандалозните твитови во кои ја напаѓа не само Ким, туку и нејзината мајка Крис Џенер.
Нови фотки од Канје, направени по неговиот испад на Твитер:
С. С. | Црнобело