Кристијано Роналдо и Џорџина отидоа на одмор, Родригез поромантична од кога било (фото)
- Детали
- петок, 26 јуни 2020
И додека најчесто тие објавуваат забавни семејни фотки со децата, сега објавија селфи на кое Џорџина му изрази љубов на Роналдо.
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се во врска речиси 4 години, а деновиве уживаат во сончање и капење на нивната јахта.
35-годишниот фудбалер со својата 26-годишна партнерка направи селфи додека се релаксираа, на кое Џорџина го стави најромантичниот опис досега.
„Единственото што ми се допаѓа повеќе од тебе, сме ние“, гласеше нејзината посвета за Роналдо.
Инаку, заедно со нивните деца тие прво беа во самоизолација во Португалија, па потоа заминаа за Торино, Италија.
Фотки од нивниот одмор:
Уште семејни фотки од парот:
Потсетете се и Мистеријата за синот на Роналдо: Која е неговата мајка и зошто никаде не се појавува?
С. С. | Црнобело