Мистеријата за синот на Роналдо: Која е неговата мајка и зошто никаде не се појавува?

Сосема неочекувано, но младиот Кристијано Роналдо го воодушеви светот. Откако беше објавен видео моментот на кој Роналдо Јуниор се поздравува со Меси, стана едно од најозборуваните имиња во шоу бизнисот.

misterijata-za-sinot-na-ronaldo-koja-e-negovata-majka-i-zosto-nikade-ne-se-pojavuva-01.jpg

По третата Златна топка која португалскиот фудбалер ја доби, следуваше интервју во неговиот дом.

- Семејството ми е секогаш на прво место. Синот ми е најважен во животот. Би сакал да тргне по мои стапки и да стане фудбалер, но тој би требало да биде она што сака да биде. Има доста време за да се размисли за тоа, зборуваше Роналдо.

Но, животот на младиот Кристијано започна многу специфично и мистериозно, во јуни 2010 година. Тој никогаш нема да може да се појави во јавноста со својата мајка затоа што никој освен Роналдо не знае која е всушност таа.

- Со голема радост сакам да ве известам дека неодамна станав татко на едно момче. Како што е договорено со мајката на детето, мојот син ќе биде само под мое старателство, додека неговата мајка не сака нејзиниот идентитет да биде откриен во јавноста. Никакви дополнителни информации на оваа тема нема да бидат достапни и од вас барам во потполност да ја почитувате мојата приватност и приватноста на моето дете.

Постојат повеќе верзии и шпекулации за тоа која би можело да биде мајката на синот на Роналдо.

misterijata-za-sinot-na-ronaldo-koja-e-negovata-majka-i-zosto-nikade-ne-se-pojavuva-02.jpg

Првата е дека непозната девојка затруднела после една ноќ помината со фудбалерот, кој го запознала во ноќниот клуб каде наводно работела.

Таа потпишала договор во кој се откажува од детето, обврзувајќи се дека не смее да го открие својот идентитет, години и националност. За тоа наводно и биле исплатени околу 10 милиони евра.

Откако на медиумите не им беа доволни овие информации, во 2011 година открија дека мајката на младиот Кристијано е 20-годишна студентка која го сака своето дете назад и да ги врати милионите.

Втората приказна е дека се работи за Американка која работела како келнерка, а со Роналдо повторно била само за една ноќ во Њујорк или Сан Диего. Откако открила дека е бремена, Португалецот го пронашла преку неговиот агент, по што фудбалерот правел тест за татковство.

Последната шпекулација која воедно се чини и најверодостојна е дека Роналдо и платил на една девојка во САД да биде сурогат мајка. Причината е што тој сакал конечно да стане татко, посебно откако го изгубил својот родител во 2005 година.

Мајката на Роналдо во својата автобиографија сподели уште еден интересен момент поврзан со нејзиното внуче.

„Кристијано некогаш не прашува за неговата мајка. Еднаш му кажавме дека е во рајот, но другите во семејството не беа задоволни со тој одговор. На крајот само му кажавме дека патува низ светот, па потоа замолчи, заборави и веќе не прашува ништо. Ако подоцна во животот сака да дознае која е неговата мајка, тоа ќе биде негова одлука и никој нема да може да го спречи,“ напиша Долорес.

misterijata-za-sinot-na-ronaldo-koja-e-negovata-majka-i-zosto-nikade-ne-se-pojavuva-03.jpg

3 интересни факти за Роналдо Јуниор:

1. На полни 4 години зборува португалски, шпански и англиски.

2. На првиот роденден е и крстен воедно, а церемонијата се одржа во мала капела во близина на аеродромот во Лисабон, обезбедена со наоружана војска полиција.

3. Името го избрал самиот Роналдо, а ова го потврди и неговата сестра Катија: „Кристијано го одбра името и нас ни се допаѓа. Малиот навистина личи на него. Имаат исти очи. Не знаеме која е мајката, никогаш не сме ја запознале“.

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg