Џорџина и Кристијано Роналдо на одмор без децата: „Два дена за нас“
- Детали
- петок, 12 април 2024
Откако Џорџина Родригез сподели фотки од одморот во Абу Даби со Кристијано Роналдо, меѓу оние кои ѝ коментираа беше и Јелена Карлеуша - таа преку емотикони ѝ порача дека „гори“. Други пак, ја критикуваа за нападната шминка на плажа.
Фудбалскиот ас, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, поминаа два дена на опуштен одмор во Абу Даби.
Тие по пoдолго време, конечно беа сами, без нивните пет деца.
Џорџина го сподели и овој дел од нивниот живот со фановите, па објави фотографии на Инстаграм од плажа во бикини, од Кристијано, храната што ја јаделе, реклама со нејзиниот лик во Абу Даби, но и кафето што го пиела, а на кое ѝ го исцртале нејзиниот лик.
„Два дена за нас двајца“, напиша таа.
Меѓу оние кои ѝ коментираа на фотките е и Јелена Карлеуша.
Таа преку емотикони оган ѝ порача на Џорџина дека „гори“.
Но, имаше и такви кои ѝ искоментираа дека шминката за на плажа ѝ е пренападна.
Џорџина и Кристијано последниве неколку месеци често одат во Дубаи и Абу Даби, особено откако португалскиот капитен игра за саудискиот клуб Al Nassr.
Погледнете повеќе фотографии од одморот на Џорџина и Роналдо:
А. Ј. | Црнобело