Како изгледале најпознатите актери кога ја освоиле првата важна филмска награда?
- Детали
- недела, 02 август 2020
Денес овие актери се меѓу најпознатите, имаат милиони фанови ширум целиот свет и имаат бројни награди.
Но, и нивната кариера морала да почне од некаде и некогаш и тие ја добиле нивната прва награда од светот на кинематографијата.
Некои од нив се закитиле со награда уште на почетокот од кариерата, а некои имале бројни номинации пред конечно да добијат нешто.
Во продолжение погледнете како изгледале најпознатите актери кога ја добиле нивната прва филмска награда:
Скарлет Јохансон
Во 2004-та Скарлет доби BAFTA за улогата во Lost in Translation. Годинава, таа имаше две номинации за Оскар, но не победи во ниту една од категориите.
Џулија Робертс
Првата награда на Џулија е Златен Глобус, а го доби во 1990-та благодарение на споредната улога во Steel Magnolias. Тогаш Џулија имаше само 22 години.
Мерил Стрип
За Мерил слободно може да се каже дека е шампион во Оскарите – досега таа има 21 номинација, а има победено трипати. Првиот Оскар го доби во 1980-та, за улогата во Kramer vs. Kramer.
Хоакин Феникс
Во 2006-та, актерот освои Златен глобус за филмот Walk the Line. Годинава тој доби Оскар за улогата во Joker.
Шерон Стоун
Првата награда на Шерон беше Златен глобус, и тоа во 1996-та за филмот Casino.
Шарлиз Терон
2004-та беше одлична за Шарлиз – таа доби и Оскар, и Златен глобус за улогата во Monster.