Она кога ти годи разводот: како се промени животот на Адел откако се разведе?
- Детали
- среда, 20 мај 2020
Пред нешто повеќе од една година, во април 2019-та, Адел се разведе од нејзиниот сопруг Сајмон Конеки. По само три години брак, двојката повеќе не функционираше заедно.
И ако на некого му паѓа тешко разводот, тоа не е случајот и со Адел, на која се чини дека разделбата ѝ го направи животот подобар.
Нова фигура, неверојатна форма, здрава исхрана, нов албум кој може да го очекуваме во септември годинава, патувања... што сè правеше Адел откако се разведе од Конеки?
1. Си вработи личен готвач.
Џејсон Харли е нејзиниот личен готвач кој ѝ помогна во диетата и губење на тежината. Тој се грижи таа дневно да не внесува повеќе од 1.000 калории. Харли претходно работел за Камерон Диаз.
2. Го промени личниот тренер.
Кога се пресели во Калифорнија, го ангажираше Харли Пастернак, тренер на ВИП личности како Лејди Гага и Ријана. Таа вежба 5 пати неделно по специјална програма која ја подготвува нејзиниот тренер.
3. Ја покажа својата нова форма на Инстаграм.
По повод нејзиниот 32-ри роденден, го воодушеви целиот свет со својот комплетно променет изглед.
4. Го најави својот нов албум.
Во февруари годинава, на свадба на нејзина пријателка таа најави дека нејзиниот нов албум ќе излезе до крајот на оваа година. Се очекува тоа да биде во септември.
5. Го продаде својот имот во Сасекс.
Откако се разведе, таа веднаш го продаде својот имот во Велика Британија. Пејачката наводно го купила имотот за $4.8 милиони долари во 2017, но го продала за $3,6 милиони долари. Најверојатно навистина сакала да се ослободи од спомените па се согласила да изгуби $1.2 милиони долари.
6. Се пресели во Лос Анџелес.
Иако планираше нејзиниот син да расте и да се образува во Обединетото Кралство, сепак се реши да се пресели во САД заради честите патувања.