Никогаш потенок струк: Адел во црн мини фустан на 32-иот роденден
- Детали
- среда, 06 мај 2020
Изгледот на пејачката е изменет до непрепознатливост. Дали можевте да замислите дека Адел некогаш ќе изгледа вака?
Адел вчера (05.05) го одбележи својот 32-ри роденден со фотографија во црн мини фустан на која изгледа неверојатно.
Таа е послаба од кога било, а особено до израз доаѓа нејзиниот тенок струк.
„Ви благодарам за љубовта што ми ја упативте за мојот роденден. Се надевам дека сите сте безбедни и здрави во ова лудо време“, им порача поп дивата на фановите во описот на фотографијата, а им се заблагодари и на медицинските лица.
Oва е прва фотографија на Инстаграм што Адел ја објави откако ослабе:
Една нејзина пријателка објави Story, за да ѝ честита роденден, на кое исто така се гледа витката линија на Адел:
Како изгледаше Адел порано:
Прочитајте и Страдала од постпородилна депресија, не сака брендовите да ѝ плаќаат облека – Факти за Адел кои не сте ги знаеле
С. С. | Црнобело