Тоа што го сонуваше принцезата Дијана со љубовникот, ќе го живее Меган со Хари
- Детали
- четврток, 02 април 2020
Во истото калифорниско соседство во слична раскошна вила, како таа што ја купил Доди ал Фајед, Меган ќе го живее животот за кој принцезата Дијана сонуваше.
Принцот Хари и Меган Маркл ја одбраа Калифорнија за нивен дом, а сега со изборот на едно луксузно соседство во Малибу тие ќе го живеат тоа што принцезата Дијана секогаш си го посакуваше за себеси.
Парот разгледува вила од 20 милиони долари, која ќе им биде дом.
Имотот, кој има базен и тениско игралиште, се наоѓа блиску до вилата во тоскански стил на Доди ал Фајед, љубовникот на Дијана, која ја купил пред неговата смрт во 1997 година.
Поранешниот батлер на Дијана, Пол Барел, откри дека на Дијана ѝ било преку глава од притисокот на британскиот прес и сакала да изгради нов живот во САД со него, без предрасуди од околината.
Погледнете како изгледа вилата во Калифорнија што Хари и Меган размислуваат да ја изнајмат или купат:
С. С. | Црнобело