Дрејк првпат објави фотки од синчето: „Ми недостасуваат пријателите и семејството во изолација“
- Детали
- вторник, 31 март 2020
За време на домашна изолација во овие тешки периоди, Дрејк за првпат објави фотки од неговото синче, преслатко синооко момче со руса, кадрава коса и упати емотивна порака до сите.
Неколкуте слатки фотографии од синчето се придружени со порака, со која Дрејк се обидува да ги инспирира своите фанови во овие тешки времиња.
„Она што е најважно сега е да се поврзете со вашата внатрешна светлина. Верувајте дека ја имате целата моќ за да го реализирате ова, а за да го направите тоа, поврзете се со луѓето и нештата што ви причинуваат радост.
Кога умот ќе почне да размислува премногу или кога ќе се појави страв, свртете го вашето внимание кон нешто позитивно. Не е важно што се случило во минатото или што се случува сега околу нас, секогаш можете да направите избор да го скршите тркалото на страдањето и паниката и да се отворите кон вашата светлина.
Штом ќе донесете избор да се фокусирате на нешто добро, тоа ќе се покаже во вашата реалност. Бидете свесни, особено сега, за стравовите кои доаѓаат од другите“
Дрејк додава и дека смеата е најдобриот лек, но и дека солзите помагаат понекогаш. Тој им порачува на фановите дека не се никогаш сами и дека секогаш ја имаат потребната поддршка.
„Ги сакам и ми недостасуваат моите убави пријатели и семејство и едвај го чекам радосниот ден кога ќе можеме да се обединиме“, пишува пејачот.
https://www.instagram.com/p/B-WjWVJlBnJ/?utm_source=ig_embed
На фотографиите можете да ги видите Дрејк и Адонис, но и семејна фотографија со мајката на Адонис, Софи Брусо.
Спирова С. | Црнобело