Прво појавување на Меган и Хари по Мегзит – зрачат на последната кралска должност (фото)
- Детали
- петок, 06 март 2020
Војвотката од Сасекс не остави никого рамнодушен на првото појавување со Хари после Мегзит.
38-годишната Меган одбрала светло син фустан дизајниран од Викторија Бекам, а косата ја собрала во опавче. Принцот Хари, пак, носеше темно син костим и бела кошула.
Ова е првото јавно појавување на познатиот пар откако изјавија дека се откажуваат од своите кралски должности.
Меган и Хари присуствуваа на годишното доделување на Endeavor Fund Awards во лондонската Mansion House, а пред влезот ги чекаше толпа од 50-тина луѓе, кои не го тргаа погледот од Меган.
Војвотката ја презентираше наградата Celebrating Excellence Award на настанот и притоа изјави:
„Добро е да се биде овде. Ова третата година во која имав неверојатна среќа да го придружувам сопругот овде. Ова е најинспиративното место.“
Говор одржа и принцот Хари, во кој се присети на времето поминато во војската.
„Меган и јас сме пресреќни што сме овде, да прославиме за сите вас и вашите достигнувања, вашата служба и вашата издржливост.“
Погледнете како изгледаа Хари и Меган:
Спирова С. | Црнобело