Што говори препознатливата поза на секој член од кралското семејство? (фото)
- Детали
- петок, 21 декември 2018
Кејт Мидлтон постојано позира со плик чантата пред неа, додека Меган Маркл со рацете завиени околу Хари. Што говорат овие пози за нивниот карактер?
Тие постојано се во фокусот на јавноста и пред камерите имаат свое препознатливо држење.
Кои се нивните типични пози:
Кејт Мидлтон
Пред себе секогаш ја држи плик чантата и тоа симболизира бариера помеѓу неа и остатокот од светот. Таа е формална, внимателна и има одбранбен механизам.
Принцот Чарлс
Често едната рака му е пуштена слободно до телото, а другата поставена на градите. Формален е, но не е сосема авторитативен затоа што не знае точно кај да ги постави рацете.
Меган Маркл
Иако е нова во кралското семејство, таа е самоуверена и комфорно ѝ е кога позира. Прави моќни потези како политичарите и често ја става раката околу раката на Хари или на неговиот грб како да го води и посочува дека има контрола врз него.
Кралицата Елизабета
Со години позира во истата поза со рацете пред неа и прстите испреплетени. Кај обична личност ова би покажувало анксиозност, но кај кралицата изгледа како комфорна и релаксирана поза. Прикажува достапност, но едновремено и самодоверба и доминација.
Принцот Хари
Оваа чудна поза со едната рака под палтото речиси изгледа како тој да не знае каде да ја стави раката. Личи на мало дете кое се срами и си ја допира облеката. Но, со ова Хари ја демонстрира својата човечност. Тој е познат по тоа што е добар со луѓето. Посочува на несигурност, но по свадбата со Меган ова полека се менува.
Камила Паркер
Држењето на прстите релаксирано во форма на триаголник посочува на жена што верува во себе. Зрачи со моќ и самодоверба, но не и ароганција. Покажува дека ѝ е комфорно во својата кожа.
Прочитајте и Трикови од Кејт и Меган за да блескате на фотките!
С. С. | Црнобело