Зошто убавицата Кендис Сванапул се раздели од единствениот маж со кого била во животот?
- Детали
- понеделник, 03 декември 2018
Триесетгодишната манекенка и моделот беа една деценија и половина заедно. Станаа родители на два сина, а вториот им се роди пред само пет месеци. Ако може да им се верува на дел од светските портали, таа веќе извесен период e сама со децата. Па логично е прашањето – кои се причините?
Кендис Сванапул (30) мами воздишки со својата убавина и прекрасна фигура каде и да се појави. Мечта им е на мноштво припадници од посилниот пол. А, манекенката во животoт имала само еден сексуален партнер. Тоа е нејзиното момче Херман Николи (36), со кого се запознала на 17-годишна возраст во градот Париз. Повеќепати го именуваше како „симпатија од детството“ и „дечко за навек“.
Јужноафриканката и Бразилецот се познати модели. Љубовната врска им започна во 2005 година и важеа за еден од најубавите славни парови на денешницата. Од понов датум се и родители на синовите Анака и Ариел. Затоа како гром од ведро небо одекна веста дека познатата двојка одненадеж го прекинала односот, по што ги избришале заедничките фотки на социјалните мрежи.
Тие сѐ уште се немаат огласено со официјално соопштение, иако навестуваат со објавите во последно време. Откако низ медиумите проструи информацијата, во јавноста веќе се шпекулира за мотивите. Особено поради фактот што парот направи веридба на десетгодишнината од врската, па очекувано беше дека во блиска иднина ќе ја крунисаат љубовта и со брак.
Ова се четирите можни причини заради кои наводно се разделиле:
1. Кариерата на манекенката го засени неговиот успех...
Исто како и Кендис Сванапул, нејзиниот партнер Херман Николи се занимава со моделство. Tаа е една од најбараните манекенки и главен ангел на брендот Victoria's Secret.
Дечко ѝ, пак, реално не може да се пофали со така завидна кариера. Според блиски извори на двојката, успехот на русокосата убавица станал повод за кавги и расправии, коишто на крајот довеле до разделба на парот.
2. Борба со постпорoдилна депресија и вишок килограми…
Кендис Сванапул и Херман Николи за првпат станаа родители во 2016 година. Парот го доби синот Анака. Делуваше како раѓањето на првото дете само да го зајакна односот на љубовната двојка, така што набрзо размислуваа и за второто. Меѓутоа, убавицата доби вишок килограми по бременоста, а за нејзината фигура активно се водеа расправи на социјалните медиуми и во печатот.
Според пријателите на манекенката, таа имала постпородилна депресија. Поради тешката психичка состојба, како и проблемите околу одгледувањето на двете мали деца, односите меѓу партнерите драматично се влошиле, па моделот одлучил да го прекине контактот со мајката на неговите синови.
3. Забрана на провокативни фотки со други мажи...
Кендис Сванапул високо котира на листата за најсексапилни жени во светот. А, послободните фотографии се нејзината силна страна. Бидејќи и партнерот е модел, односно се занимава со истата работа, никогаш во минатото не реагирал што девојка му позира со други мажи.
Ама, ситуацијата наводно се променила по раѓањето на второто дете. Според новинарите, Херман Николи побарал од неа да престане со учествата во такви проекти. Од друга страна, манекенката не ги прифатила наметнатите услови од саканиот.
4. Постојано одложување на венчавката и бракот…
Херман Николи ја запроси Кендис Сванапул во 2015 година. Потоа дознаа дека манекенката е трудна, а свадбената церемонија мораше да биде одложена. Неколку месеци по раѓањето на Анакa, таа повторно остана бремена.
Откако го родила и вториот син Aриел, нејзина желба била конечно да направат венчавка. По зборовите на инсајдерите, тогаш моделот се противел на идејата, па решила да стават точка на односот.
Додека не се произнесат двајцата главни актери во приказната, ни преостанува надежта дека тие сепак ќе успеат да ги премостат наведените разлики.
М. А. | Црнобело