Причината за смртта на Авичи е самоубиство - индиректно посочува неговото семејство

Светот не може да се помири со загубата на големиот уметник.

prichinata-za-smrtta-na-avichi-e-samoubistvo-indirektno-posochuva-negovoto-semejstvo-01.jpg

Семејството на диџејот и продуцент Авичи, кој неодамна беше пронајден мртов во Мускат, Оман, на 28-годишна возраст, индиректно посочува дека неговата смрт била самоубиство.

Тие во нивната изјава за јавностa велат дека тој повеќе не можел да продолжи така.

prichinata-za-smrtta-na-avichi-e-samoubistvo-indirektno-posochuva-negovoto-semejstvo-02.jpg

Нивната изјава во целост:

„Нашиот сакан Тим беше трагач, нежна уметничка душа која трагаше по одговори за егзистенцијални прашања.
Амбициозен перфекционист, кој патуваше и работеше напорно со темпо кое му донесе огромен стрес.
Кога престана со турнеи, сакаше да пронајде баланс во животот, да биде среќен и да може да го прави тоа што го сака најмногу - музиката.
Навистина се бореше со своите мисли за Смислата, Животот, Среќата.
Не можеше да продолжи веќе.
Сакаше да пронајде мир.
Тим не беше создаден за да биде дел од бизнис машината во која се најде, тој беше чувствително момче кое ги обожаваше своите фанови, но не сакаше да биде во центарот на вниманието.
Тим, засекогаш ќе биде сакан и болно ќе ни недостига.

Личноста која беше и твојата музика ќе го одржат жив споменот за тебе.

Те сакаме,
Твоето семејство“

prichinata-za-smrtta-na-avichi-e-samoubistvo-indirektno-posochuva-negovoto-semejstvo-04.jpg

Изјавата, која во оригинал е на шведски, индиректно посочува на самоубиство. Авичи претходно откри дека чувствува дека ќе умре во документарен филм, кој беше објавен во октомври минатата година.

Авичи престана во турнеи во 2016 година, но се соочуваше со здравствени проблеми поради прекумерното консумирање на алкохол и притисоците да продолжи со кариерата.

prichinata-za-smrtta-na-avichi-e-samoubistvo-indirektno-posochuva-negovoto-semejstvo-03.jpg

Во претходна изјава семејството на Тим напиша: „Би сакале да ви заблагодариме за поддршката и прекрасните зборови за нашиот син и брат. Благодарни сме му на секој што ја сакаше музиката на Тим и има убави спомени за неговите песни.“

Инаку, официјалниот полициски извештај за причината за смртта сè уште не е објавен.

prichinata-za-smrtta-na-avichi-e-samoubistvo-indirektno-posochuva-negovoto-semejstvo-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Проституција, силувања – Мрачната страна на корејските поп ѕвезди Неколку корејски изведувачи имаат извршено самоубиство, додека некои се обвинети...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg