Џоли сноб - Џони Деп досаден
- Детали
- среда, 26 мај 2010
За време на снимањето на филмот “Турист”, холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Џони Деп оставале впечаток дека помеѓу нив постои одредена...
...привлечност но, кога рефлекторите ќе се исклучеле, атмосферата станувала напната, а во некој случаи дури и непријателска.
Според пишувањето на американскиот магазин “In Touch weekly” се очекувало хемијата помеѓу главните два лика да биде многу силна, но тоа не се случило.
Двајцата актери немаат симпатии еден кон друг, па поради тоа слободното време што го имаат го поминуваат далеку еден од друг. Анџелина не го поднесува Џони пред се' поради неговото несоодветно однесување, а највеќе поради тоа што смета дека е многу досаден тип.
Исто така, и пречи и тоа што тој според неа тој не е вистинскиот актер за таа улога – изјавува неименуван извор.
И Џони имал одредени критики кон Анџелина, за која мисли дека е сноб и поради тоа и ја избегнува во слободното време.
“Кога рефлекторите ќе се изгасат Џони веднаш оди во својата приколка каде што останува додека пак не го викнат за снимање” – тврди неименуваниот извор.