Славни личности кои не сакаат да се тетовираат (и зошто)

На прашањето зошто нема тетоважи, Ким Кардашијан одговори: „Дали ти би ставила налепница на Bentley?“

slavni-lichnosti-koi-ne-sakaat-da-se-tetoviraat-i-zoshto-01.jpg

Денес тетоважите се норма и многумина одлучуваат да си го украсат телото со нив.

Од славните личности, пак, скоро сите имаат по некоја тетоважа, макар и само минималистичка која едвај се гледа.

Сепак, постојат и славни личности кои поради разни причини одбиваат да си стават тетоважа.

Дел од нив во продолжение:

Ким Кардашијан

Ријалити ѕвездата не само што не сака да се тетовира, туку нејзината изјава за тетоважите стана култна.

Во 2009 година, во интервју, Ким беше прашана зошто одбива да си стави тетоважа.

На ова, Ким одговори со прашање:

„Дали ти би ставила налепница на Bentley?“

slavni-lichnosti-koi-ne-sakaat-da-se-tetoviraat-i-zoshto-02.jpg

Кристијано Роналдо

Фудбалската ѕвезда нема ништо против тетоважите, но има своја причина зошто не се тетовира.

Во интервју од пред неколку години, тој изјави:

„Немам тетоважи за да можам почесто да донирам крв“.

Имено, луѓето со тетоважи можат да донираат крв, но треба да почекаат барем четири месеци откако ќе се тетовираат.

slavni-lichnosti-koi-ne-sakaat-da-se-tetoviraat-i-zoshto-03.jpg

Ice-T

Имаме перцепција дека не постои рапер без тетоважи. Но, овде не спаѓа американскиот рапер Ice-T.

Тој вели дека ги избегнува сите лоши работи што јавноста ги поврзува со раперите:

„Забавен факт: Немам ниту една тетоважа. Никогаш не сум пробал марихуана, ниту сум запалил цигара. И, не пијам алкохол“.

slavni-lichnosti-koi-ne-sakaat-da-se-tetoviraat-i-zoshto-04.jpg

Тејлор Свифт

Младата пејачка сака тетоважи, но вели дека не може да се одлучи, па затоа не става.

„Луѓето цело време ме прашуваат зошто ни ставам тетоважа.

Едноставно, не можам да одлучам за нешто што е трајно, за цел живот“.

slavni-lichnosti-koi-ne-sakaat-da-se-tetoviraat-i-zoshto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg