Славни личности кои не сакаат да се тетовираат (и зошто)
Меган Ди Сталион
Меган вели дека не става тетоважи поради нејзината покојна мајка.
Имено, мајка ѝ мразела тетоважи.
„Отсекогаш ми било страв да се тетовирам бидејќи мајка ми ми велеше ’Ако ставиш тетоважа, ќе те истепам‘.
Па, си ги поврзувам тетоважите со казнување“.
Зендеја
Младата актерка засега нема ставено ниту една тетоважа, и веројатно нема ни да стави.
Во 2019 година откри зошто:
„Ги сакам тетоважите, но не сакам да си направам“.
Актерката има сличен став како Тејлор Свифт – тетоважите сепак се трајни, и не може да се одлучи што би сакал да стави, а да биде сигурна дека подоцна нема да се премисли.
Марк Волберг
За разлика од останатите на листата, Марк Волберг имал неколку тетоважи, но ги отстранил и не планира да става нови.
„Имав осум, девет тетоважи, околу вратот, стомакот, на рацете, грбот, на нозете… Ги отстранив бидејќи пораснав“.
Актерот толку многу сакал да се ослободи од тетоважите, што ги отстранил сите за период од седум месеци, наместо неколку години како што го советувале експертите.
Килијан Мбапе
Младиот фудбалер нема ставено ниту една тетоважа, но нема зборувано на оваа тема.
Сепак, тој има изјавено дека Кристијано Роналдо му бил идол, па можеби го следи неговиот пример.
Спирова С. | Црнобело