Џорџина се моли за Роналдо пред натпреварот на Европско: Запали свеќи во црква, побара благослов од свештеник
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2024
Додека Кристијано Роналдо се подготвува за неговиот прв натпревар на Европско, неговата партнерка и децата отидоа во црква за да запалат свеќа. Тие се молеа за него и за неговиот тим да извојува победа на престижниот натпревар.
Додека нејзиниот партнер Кристијано Роналдо е во Германија и се подготвува за првиот натпревар на неговата репрезентација во рамки на Европското првенство 2024, Џорџина Родригез со четирите деца е во Португалија.
Таа на Инстаграм сподели повеќе фотографии на кои се гледа дека ги однела децата во црква, во храмот Фатима, посветен на Пресвета Богородица.
Облечена во фармерки и во дресот на националниот тим на Роналдо, Џорџина запали свеќи, а забележително е дека присуствувале и на миса, по што добиле благослов и од свештеникот.
Со неа се четирите помали деца на Роналдо: Ева Марија, Бела Емсералда, Матео и Алана Мартина, додека најстариот син не дошол.
На фотографиите таа го означи нејзиниот партнер Кристијано Роналдо, со што сакаше да покаже дека сите молитви му се упатени нему.
Јасно е дека целото семејство се труди да му пружи максимална поддршка на фудбалерот, кој својот прв меч во рамки на Европското првенство ќе го игра утре (18.06) против Чешка, откако во 2022-ра година не успеа да ја освои титулата на Светското првенство и неговиот тим загуби од Мароко.
Инаку, пред почетокот на Европско, Роналдо и Џорџина беа на одмор со децата, од каде таа сподели повеќе смели фотографии.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело