Го теши затоа што не е номиниран за Оскар – Први фотки од Џиџи Хадид и Бредли Купер како пар
- Детали
- петок, 26 јануари 2024
Бредли Купер деновиве е разочаран затоа што не беше номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар режисер“, па одлучи со 20 години помладата девојка Џиџи Хадид да побегне во Лондон, од каде беа објавени првите фотки на кои e очигледно дека тие двајцата се пар.
Веќе неколку месеци наназад се шушка дека холивудскиот актер Бредли Купер (49) е во врска со манекенката Џиџи Хадид (28), а сега се објавени и првите папарацо фотографии на кои се гледа дека парот се држи за раце, додека ужива во прошетката низ Лондон.
Во изминатите денови, Џиџи и Бредли беа фотографирани заедно на аеродромот во Њујорк, еден ден откако Бредли не беше номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар режисер“ за неговиот филм Maestro.
Претходно, Бредли и Џиџи беа забележани како сами си го носат багажот на аеродром, а еден ден подоцна се објавени и првите фотки на кои се гледа дека тие двајцата се пар и се шетаат фатени за рака низ Лондон.
Инаку, познато е дека Бредли е мошне повлечен кога станува збор за неговиот приватен живот.
Ретко зборува за неговите девојки и партнерки, а од врската со Ирина Шајк ја доби ќерката Леа, која го придружуваше на премиерата на филмот Maestro.
Прочитајте и Детали за новата романса на Џиџи Хадид (28) и Бредли Купер (48) : „Среќни се, се запознаа преку Ирина Шајк“
Погледнете повеќе фотки од Бредли и Џиџи во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело