Македонија, Португалија: Кои се најпознатите личности од земјите ширум светот?
- Детали
- недела, 16 март 2025
Постојат бројни познати личности од Португалија, но никој не може ни да се спореди со Кристијано Роналдо кој денес не е само најпознат фудбалер, туку и една од најпознатите личности воопшто.
Факт е дека светски познатите личности главно се лоцирани во САД.
Но, голем дел од нив воопшто не се Американци, туку само се преселиле во САД со цел да ја изградат своја кариера.
Секако, постојат светски познати личности кои се лоцирани и во други земји, како Англија.
Но, кога ќе ви спомнат некоја земја, има луѓе кои потекнуваат од неа и на сите први ни паѓаат напамет затоа што се меѓу ретките кои цел свет слушнал за нив (или поголем дел).
Кои се најпознатите личности од земјите ширум светот?
Чиле – Педро Паскал
Познатиот актер е роден во Чиле, но пораснал во Тексас, откако неговите родители избегале од земјата поради тамошните конфликти.
Се прослави со улогата во Game of Thrones, а моментално е актуелен со серијата The Last of Us.
Малезија – Мишел Јео
Родена во Малезија, Мишел ја почнала актерската кариера во акциони филмови, вклучувајќи и еден со Џеки Чен.
Иако е активна целиот живот, стана светски позната кога освои Оскар во 2023-та за улогата во Everything Everywhere All At Once.
Аргентина – Лионел Меси
Од Аргентина доаѓаат бројни познати фудбалери, но Лионел Меси е ѕвезда што ја знаат и оние кои не следат фудбал.
Лионел има соборено неколку рекорди во фудбалот, а неретко е нарекуван и најдобриот играч на сите времиња.
Австралија – Арнолд Шварценегер, Никол Кидман и Хју Џекмен
Тројцата холивудски актери потекнуваат од Австралија и денес важат за едни од најпознатите луѓе во светот.
Со децении се активни во филмската индустрија, додека Арнолд Шварценегер извесен период беше и гувернер на Калифорнија.
Исланд – Бјорк
Не постои личност од Исланд која стекнала популарност како Бјорк.
Можеби нејзината музика не е за сечиј вкус, но факт е дека секој има слушнато за пејачката и нејзиниот специфичен стил.
Португалија – Кристијано Роналдо
И од Португалија има бројни познати фудбалери, но Кристијано Роналдо стои на врвот.
Денес важи не само за најпознат фудбалер, туку и за најпозната личност воопшто.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





