Македонија, Португалија: Кои се најпознатите личности од земјите ширум светот?
Албанија – Дуа Липа
Иако е родена во Лондон, Дуа Липа е горда на своите корени.
Со три Греми награди и бројни други признанија, денес е една од најпознатите пејачки во светот.
Србија – Новак Ѓоковиќ
Србија е дом на многу балкански ѕвезди, но Новак Ѓоковиќ е оној кој ја направи својата земја светски позната.
Ѓоковиќ не е само познат тенисер, туку е број еден во светот и може да се пофали со неколку рекорди.
Италија – Моника Белучи, Изабела Роселини и Софија Лорен
Низ годините се појавиле бројни италијански актерки, но најголем впечаток ни имаат оставено Моника Белучи, Изабела Роселини и Софија Лорен.
Покрај талентот, трите актерки неретко се вбројувани меѓу најубавите жени во светот.
Барбадос – Ријана
Ријана важи за најпознатата личност од Барбадос, а и покрај своите скромни почетоци, денес е меѓу најславните, но и најбогатите музичари.
Кариерата ја почна уште во тинејџерските години, а покрај музиката, има и успешна линија долна облека и козметички продукти.
Нов Зеланд – Таика Ваитити и Питер Џексон
Најпознатите личности од Нов Зеланд се режисери.
Питер Џексон се прослави со трилогијата The Lord of the Rings која и две децении подоцна важи за најдобрата адаптација на книга.
Таика Ваити, пак, е познат по уникатните филмови со забавни елементи, но и длабоки пораки.
Македонија – Тоше Проески и Милчо Манчевски
Бројни Македонци нè направиле горди пред светот, особено на просторот на поранешна Југославија.
И, тешко би било да се издвојат само еден-двајца.
Ќе го спомнеме Милчо Манчевски бидејќи е најплодниот македонски режисер и има направено многу за македонската кинематографија – неговите филмови се прикажувани низ повеќе од 50 земји ширум светот.
Притоа, неговиот филм „Пред дождот“ е првиот македонски филм кој добил номинација за Оскар, а режисерот се има закитено и со други престижни филмски награди.
Тоше Проески, пак, несомнено е најпознатиот пејач од Македонија кој успеа да изгради кариера и во соседните земји.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





