Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вил Смит флертува и се бакнува со шпанска пејачка, но не се разведува: „Џејда си заслужи да ја понижи јавно“

Страсниот настап на Вил Смит и пејачката Индија Мартинез на кој делува како да се бакнуваат го подели мислењето на јавноста – некои го опишуваат како невкусен, додека други велат дека по целото понижување што го трпел од сопругата Џејда, време е да ѝ врати.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-01.jpg

Слободно можеме да кажеме дека бракот на Вил Смит и Џејда Пинкет Смит е еден од најчудните во Холивуд.

Актерите не се разведени, но велат дека се разделени и покрај тоа што честопати заедно присуствуваат на важни настани.

Наводно не живеат во ист дом, но дури и откако споделија дека се разделени, папараците честопати ги фотографираат заедно низ Лос Анџелес.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-06.JPG

Џејда дури и се пофали дека имала афера со многу помлад маж и наводно добила благослов од Вил.

Сега парот повторно се најде во центарот на вниманието, по настап на Вил Смит во Мајами.

На 20-ти февруари, 56-годишниот актер застана на сцена со шпанската пејачка Индија Мартинез за време на доделување на награди за латино музика.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-10.JPG

Додека се на сцената, актерот и 39-годишната Индија во еден миг делува како да се бакнуваат - Индија му ја држи главата на актерот, додека тој ја фаќа за половината.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-09.JPG

Потоа се појави и фотка од бекстејџ на настанот, на која Индија буквално му скока во прегратка на Вил.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-05.JPG

Настапот и фотката го поделија мислењето на јавноста – некои го критикуваат Вил, додека други сметаат дека сопругата Џејда заслужила вакво понижување.

„Непристојно е, без разлика што е музички настап“.

„Вил како да заборави дека е на сцена кога ја прегрна“.

„Зошто го критикувате? Џејда многупати го понижи јавно“.

„Браво за Вил. Заслужува да живее исполнет живот – Џејда многу му наштети“.

Откако видеото од настапот стана вирално, јавноста ги забележа и објавите на Вил и Индија во кои очигледно флертуваат.

Погледнете и: Гласини дека е скиентолог, удри репортер: Скандалозни детали од животот на Вил Смит

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-03.JPG

На наградите, тие изведуваа нивна нова заедничка песна, а во коментари на објавите во коишто ја промовираат, Индија вели дека биле „како две деца кои првпат се вљубуваат“.

И двајцата споделувале слични изјави и коментари неколку дена пред настапот.

Инаку, Вил и Џејда Смит последен пат беа забележани заедно кон крајот на 2024-та и на папарацо фотките се прегрнати.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-02.JPG

Претходно и двајцата имаат зборувано за нивниот бизарен брак и некогаш велат дека се како разведени, но другпат велат дека се заедно, без разлика што живеат во одвоени домови.

И извор близок до парот неодамна изјави дека тие дефинитивно се заедно.

vil-smit-flertuva-i-se-baknuva-so-shpanska-pejachka-no-ne-se-razveduva-dzhejda-si-zasluzhi-da-ja-ponizhi-javno-11.JPG

Погледнете и: „Крис Рок ме покани на состанок пред шлаканицата на Оскарите, со Вил сме разделени 7 години“: Џејда Пинкет Смит за љубовниот живот

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Родителите на Бред Пит скршени од болка бидејќи не ги гледаат внуците: „Поминаа 8 години“ „Имаат над 80 години и не им се верува дека можеби никогаш повеќе нема да ги вид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg