„Крис Рок ме покани на состанок пред шлаканицата на Оскарите, со Вил сме разделени 7 години“: Џејда Пинкет Смит за љубовниот живот
- Детали
- четврток, 12 октомври 2023
„Oткако се венчав со Вил, барем еднаш годишно се пишуваше дека се разведуваме. Пред неколку години Крис Рок ми се јави и ми рече: ‘Би сакал да те одведам на состанок’. Се изненадив, па тој продолжи: ‘Зарем ти и Вил не се разведувате?’. Му кажав дека се тоа само шпекулации и тој се повлече“, вели Џејда Пинкет Смит и признава дека од 2016 година е разделена од сопругот.
Актерката Џејда Пинкет Смит во искрено интервју за магазинот „People“ откри детали за својот брак со Вил Смит и призна дека иако не се разведени, сепак се разделени од 2016 година и дека само понекогаш се појавуваат заедно во јавноста, па глумат дека се среќни и во брак.
Џејда зборуваше и за нејзиниот однос со комичарот Крис Рок и скандалот на Оскарите, кога испровоциран од невкусната шега на Крис за нејзината борба со алопецијата, Вил излезе на сцената и му удри шлаканица.
По инцидентот, Џејда не разговарала ниту еднаш со Крис, иако претходно тој ја имал покането на љубовен состанок.
„Мислам дека откако се венчав со Вил, барем еднаш годишно се пишуваше дека се разведуваме. Пред неколку години Крис ми се јави и ми рече: ‘Би сакал да те одведам на состанок’.
Се изненадив, па тој продолжи: ‘Зарем ти и Вил не се разведувате?’. Му кажав дека се тоа само шпекулации и тој се повлече“, раскажала Џејда во интервјуто.
Таа открила дека брзо потоа ненамерно го навредила Крис и дека инцидентот што се случи на Оскарите 2022 влече корени од 2016 година.
Таа во тоа време изјавила дека Крис не треба да биде водител на Оскарите, бидејќи Академијата наградите им ги доделува претежно на бели актери.
Како дел од движењето #OscarsSoWhite, Џејда јавно ги повикувала актерите и филмските работници со темна боја на кожата да ги бојкотираат филмските награди.
„Немам желба да зборувам со Крис. Само се надевам дека сите недоразбирања ќе се расчистат и дека сите ќе бидеме мирни.
Најверојатно тогаш го навредив на некој начин, иако тоа не ми беше намерата. Сега ми е јасно под колкав притисок бил Крис во тоа време.
Можеби требаше да го побарам и да го прашам како е, наместо да го напаѓам“, рекла Џејда и додала дека целата ситуација ја опишува детално во нејзината книга „Worthy“, која ќе излезе во продажба на 17 октомври.
Актерката вели дека Крис ѝ се јавил подоцна, си се извиниле еден на друг, и таа верувала дека го надминале недоразбирањето. Но, тоа кулминираше во 2022, кога Крис ја навреди јавно во преносот во живо од Оскарите, а Вил излезе на сцената и му удри шлаканица.
„Не ми се веруваше, мислев дека излегувањето на Вил на сцената е дел од сценариото, не бев свесна што се случува.
Потоа, на паузата Крис дојде да ми се извини, велејќи дека не мислел ништо лошо, но му кажав дека не можам да размислувам за тоа во моментот. Ми ги повреди чувствата, да, но, но не можам да му судам. Сепак, оттогаш не сме се слушнале“, додала Џејда.
Таа признала и дека веќе 7 години е разделена од Вил, и дека иако не се разведени, веќе не се трудат да му дадат шанса на бракот.
„Долго време веќе не сме во брак. Само формално. Со години Вил и јас имавме некаква фантазија за тоа како треба да ни изгледа бракот или какви треба да бидеме кога сме заедно.
Едниот сакаше да го смени другиот и тоа само ги влошуваше работите. Но, иако сме разделени, си ветивме дека никогаш нема да се разведеме.
И покрај сите скандали и лоши моменти, секогаш имало убави ситуации. И затоа ќе продолжам да го поддржувам, што и да се случи во иднина“, вели Џејда.
Џејда и Вил со години важат за пар кој има чуден однос, па во една пригода Џејда призна и дека имала дечко кој е другар на нејзиниот син, а дека Вил знаел за тоа и дека ѝ дал благослов за врската.
А. Ј. | Црнобело