„Потребна ѝ е помош“ - Преслабата Аријана Гранде ги загрижи фановите со изгледот, повеќе од кога било
- Детали
- сабота, 01 март 2025
„Ова е анорексија, потребна ѝ е помош, пред срцето да престане да ѝ работи“ гласи еден од коментарите од загрижените фанови, кои велат дека Аријана е застрашувачки слаба.
Аријана Гранде сè повеќе ги загрижува фановите со својот изглед.
Таа е преслаба, а доказ за тоа се нејзините појавувања на BAFTA наградите, а потоа и на SAG наградите.
SAG наградите
31-годишната пејачка и актерка фановите ја нарекуваат „застрашувачки слаба“, особено на една фотографија каде му дава автограм на фан, која се прошири вирално.
BAFTA наградите
Дел од коментарите на загрижените фанови се:
„Претерано е слаба. Се надевам дека ќе се освести на време, пред да биде предоцна. Сигурна сум дека нејзините органи страдаат“.
„Се надевам дека е добро, затоа што воопшто не изгледа добро“.
„Ова е анорексија, потребна ѝ е помош, пред срцето да престане да ѝ работи“.
„Секој пат кога се појавува во јавност изгледа сè послабо“.
„Таа е коска и кожа. Мора итно на доктор“.
„Ја сакам неа и нејзината музика, но тоа не значи да го игнорирам очигледното, таа не е добро и загрижена сум“.
Инаку, Аријана стекна слава од 17-годишна возраст и порасна пред очите на јавноста.
Како изгледаше некогаш:
Како изгледа сега погледнете на следната страница...
Би можело да ве интересира:





