На Деми Мур ѝ виси корсетот, Селена Гомез преполовена – славните преслаби на SAG наградите (фото)
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2025
„Изгледа виновникот е Ozempic. Дури и актерките кои отсекогаш биле слаби ’се топат‘“ – гласи еден од многуте коментари за преслабиот и „коскест“ изглед на познатите дами на доделувањето на SAG наградите.
Покрај самата церемонија и наградените филмови и серии, на доделувањето на SAG наградите на 23-ти февруари доста внимание привлече и екстремно слабиот изглед на повеќето присутни актерки.
Веќе не е тајна дека холивудските ѕвезди „на големо“ го користат лекот Ozempic за слабеење, иако дел од нив не признаваат, а истиот не се препорачува од страна на стручни лица за оваа намена.
Изминатава година бројни ѕвезди стануваа сè послаби и послаби, но се чини дека кулминацијата се достигна на годинешното доделување на SAG наградите.
Скоро сите познати дами кои присуствуваа на настанот беа послаби од кога било.
Дури и актерки кои отсекогаш биле згодни и немале проблеми со вишок килограми се видно ослабени на настанот.
Аријана Гранде веќе извесен период ги загрижува фановите со слабиот изглед, иако самата тврди дека сега е многу поздрава од претходно.
Оскаровката Кети Бејтс меѓу првите призна дека ослабела со Ozempic, а на секое ново појавување во јавност изгледа послабо и послабо.
Деми Мур, која отсекогаш важела за згодна актерка, е видно послаба, па дури и корсетот на фустанот што го носеше делува како да ѝ виси.
И Брук Шилдс отсекогаш важела за актерка со совршено тело, но на церемонијата е многу послаба.
Актерката Џорџина Шапман исто така отсекогаш била слаба, но на церемонијата е уште послаба.
Поради здравствените проблеми, килажата на Селена Гомез варираше изминативе неколку години, но пејачката секогаш изгледала одлично.
Сега, пак, на настанот, и таа е драстично ослабена и делува дека дури и послабо отколку во раните 20-ти години од животот.
Актерката и пејачка Шерил Ли Ралф исто така е многу ослабена, но негира дека користела Ozempic.
На социјалните мрежи веќе се коментира за преслабиот изглед на славните дами, а многумина истакнуваат дека со ова претставуваат лош пример за младите девојки кои ги гледаат како идоли.
„Изгледа виновникот е Ozempic. Дури и славните кои отсекогаш биле слаби се топат“.
„Не ја препознав Брук Шилдс, се прашувам дали овие луѓе ќе бидат живи за пет години… Разбирам дека сакаат да изгледаат добро, но кога ова ви е поважно од здравјето, тогаш си играте со оган“.
„Деми Мур воопшто немала потреба да слабее. Сега изгледа постаро“.
„Штом изгледаат толку слабо на фотографии, како ли изгледаат во живо?“
„Деми изгледа како да ќе се скрши во секој момент“.
На следната страница, фото споредби од славните дами кои изгледаат многу послабо на настанот....
Би можело да ве интересира:





