Моменти што го одбележаа доделувањето на Греми 2025 + најсмешните твитови за настанот

Немаше ништо побизарно од голата Бјанка Сенсори на годинешното доделување на Греми наградите, но имаше и други моменти кои ги инспирираа твитерџиите со смисла за хумор - Сабрина Карпентер се напи алкохол од плоска, Бијонсе се збуни и не се сети да стане да си ја земе наградата... 

momenti-shto-go-odbelezhuvaa-dodeluvanjeto-na-gremi-2025-najsmeshnite-tvitovi-za-nastanot-01.jpg

Синоќа (02.02) се одржа 67-то издание на Греми наградите каде се избираа најдобрите песни и артисти од минатата година.

Настанот се одржа во Лос Анџелес, а покрај музичките ѕвезди, им се оддаде почит и на пожарникарите и сите кои беа вклучени во гаснењето на пожарите што опустошија дел од градот.

Бијонсе ја освои главната награда – најдобар албум за 2024-та, а меѓу добитниците беа и Сабрина Карпентер, Кендрик Ламар, Лејди Гага, Бруно Марс…

Секако, покрај доделувањето на наградите, секоја година настанот го одбележуваат и забавни, но и непријатни случки.

А, овие моменти се и инспирација за твитерџиите со смисла за хумор.

На годинешното доделување, веројатно ништо не се ни споредува со голата Бјанка Сенсори која беше и избркана од настанот.

Но, сепак има и други моменти кои вреди да се спомнат.

Бизарни и забавни моменти од Греми 2025:

Синот на Вил Смит, Џејден Смит, се појави на настанот со замок на главата

Водителката Келти Најт од E! се сопна на црвениот тепих и самата си го сподели видеото од моментот

Сабрина Карпентер не така суптилно се напи од плоска за алкохол (која беше во тон со нејзиниот фустан)

Веќе ја спомнавме Бјанка Сенсори, сопругата на Канје која се појави потполно гола

momenti-shto-go-odbelezhuvaa-dodeluvanjeto-na-gremi-2025-najsmeshnite-tvitovi-za-nastanot02.jpg

Парот беше уште повеќе критикуван кога се појави фотка на која мало дете ѕирка за да ја види голата Бјанка

Шакира настапи на настанот, првпат по 2007 година

Свој настап имаше и The Weeknd кој го бојкотираше настанот неколку години претходно

Новинарка се соочи со остри критики откако неучтиво го „откачи“ Babyface среде интервју, бидејќи зад него ја забележа Шапел Роан

Бијонсе изгледа воопшто не ја очекувала наградата за најдобар албум и изреагира смешно

Ќерка ѝ Блу Ајви мораше да ја потсети да стане за да си ја земе наградата

На следната страница, најзабавните твитови за настанот...



Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Канје и Бјанка организирале оргии во хотели, раперот сакал да спие со мајка ѝ – нови бизарни детали ... Според нова тужба против Канје Вест, раперот и Бјанка организирале секс забави в...
Сопругата на Канје се облече за прошетка со ќерка му, откако девојчето ја нацрта разголена (фото) Откако објави видео со цртежот на кој својата маќеа ја имаше нацртано со гол зад...
Канје Вест и голата Бјанка Сенсори избркани од Греми '25 - не биле ни поканети на настанот (фото+вид... Контроверзниот музичар и неговата сопруга направија скандал на Греми наградите 2...
Канје Вест се разведува по 2 години брак: „Дали Бјанка конечно ќе почне да се облекува?“ „Се прашувам дали Бјанка ќе почне да се облекува како нормален човек, сега кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg