Сосила го заклучиле во соба, сакал да побегне низ балконот – Откриено како Лиам Пејн паднал во сигурна смрт
- Детали
- среда, 27 ноември 2024
Видеоснимки како обезбедувањето го влече во хотелската соба, торба полна со пилули и виски најдена еден кат подолу… Кои докази укажуваат на тоа дека Лиам Пејн сакал да побегне од балконот пред да падне во сигурна смрт?
Два месеца по трагичната смрт на музичарот Лиам Пејн од One Direction не стивнуваат пишувањата за неговите последни мигови од животот.
Тој минатата недела беше погребан во родната Англија, а сега американскиот таблоид TMZ објави цела сторија која ги реконструира настаните што довеле до неговиот трагичен пад од балконот во хотелската соба во Буенос Аирес.
Се чини дека прашањето што сите го поставуваа е дали музичарот, соочен со проблемите, посегнал по сопствениот живот, или, пак му се слошило заради преголемото количество опојни супстанци и алкохол во организмот.
Но, TMZ направи целосна реконструкција на настаните и објави фотографии од доказите што укажуваат дека тој немал намера да посегне по животот, како и дека бил свесен за тоа што го прави пред смртта.
Лиам Пејн се обидувал да побегне низ балконот во моментот кога починал. Тој претходно им се заканил на вработените во хотелот дека ќе побегне од балконот.
Објавени се фотографии на коишто се гледа како тројца членови на обезбедувањето го влечат Лиам од хотелското лоби во лифтот, а според времето означено на нив, многу е веројатно ова да се последните видеоснимки од музичарот.
Според изјавите што извори блиски до музичарот ги дале за таблоидот, Лиам мразел да биде заклучен во хотелски соби, заради времето поминато со One Direction и многу често знаел да побегне низ балконот.
Неговиот телохранител потврдил дека Лиам истото го направил и во куќата во Флорида, кога го заклучиле во спалната соба затоа што не бил во свесна состојба заради употребата на опојни супстанци и алкохол.
Тогаш побегнал со помош на градинарско црево.
На видеоснимките од лобито во хотелот се гледа дека музичарот бил свесен, затоа што тој се држи исправено, па биле потребни дури тројца луѓе за да го пренесат во собата.
Дури и на аудиоснимката од разговорот со полицијата, може да се слушне како вработениот во хотелот вели:
„Не знам дали животот му е загрозен. Има соба со балкон и малку сме уплашени…“
Но, доказите велат дека Лиам најверојатно сакал повторно да побегне низ балконот, како што тоа го правел и во минатото.
Кога полицијата го нашла неговото тело, тој на себе имал мала чантичка со личните работи, која не ја носи на себе на фотографиите од лобито.
Исто така била најдена и црна капа, која Лиам ја носел додека излегувал во јавност за да не биде препознаен од големиот број фанови.
Многу е веројатно дека Лиам, сакал да скокне од третиот на вториот кат и оттаму да побегне, затоа што два дена по смртта била најдена кожена торба полна со различни пилули и шише виски, а внатре имало ливче на кое пишувало „За Лиам“.
Сега се верува дека Лиам, прво ја фрлил торбата, а потоа сакал да скокне таму и да побегне.
Инаку, TMZ пишува дека најверојатно аргентинските власти се обидуваат да ги заштитат вработените во хотелот и неговата репутација, па токму заради тоа отпочнале истрага против лицата што му доставувале опојни супстанци.
Инаку, не се знае точно дали Лиам бил свесен кога паднал, но јасно е дека имал план да побегне и затоа се спакувал и ги зел работите што му биле најпотребни во моментот.
Прочитајте и Во телото на Лиам Пејн најдени 3 различни видови кокаин: „Беше трезен, но дилерите го искористија“
Б. С. Б. | Црнобело