Од пораката на синот на Лиам Пејн на неговиот гроб навираат солзи – Музичарот погребан 1 месец по смртта
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
„Татко“ и „син“... Семејството на Лиам Пејн со емотивен последен поздрав се прости од музичарот, а од фотографиите од цветните аранжмани што тие ги оставија на гробот, навираат солзи на очите. Тие уште еднаш нè потсетија дека пред да биде ѕвезда, Лиам беше сакана личност од семејството.
Нешто повеќе од 1 месец по смртта во хотелот во Аргентина, музичарот и порaнешен член на One Direction, Лиам Пејн, вчера (20.11) беше погребан, во присуство на голем број роднини, пријатели и соработници.
На погребот, покрај поранешните членови на One Direction, присуствуваше и поранешната девојка на Лиам, Шерил Кроу, со која тој го доби синот Беар.
Телото на Лиам до капелата беше пренесено со бела кочија, а низ сите светски таблоиди денес се објавени фотографии од последниот поздрав што синот и семејството го упатија до него.
На кочијата која го носеше ковчегот на Лиам беа оставени два цветни аранжмани, кои подоцна беа пренесени на неговиот гроб.
Синот му остави цветен аранжман изработен од бели рози, со кои е испишан зборот: „тато“.
Неговите родители, пак, оставија цветен аранжман во црвени рози, со кои бил испишан зборот: „син“.
Освен ова, семејството се потрудило на гробиштата да има уште еден цветен аранжман во форма на сет за куглање, затоа што музичарот премногу го сакал овој спорт.
Воедно, Лиам, последниот роденден го поминал со семејството и со девојката Кејт Кесиди во куглана.
Поранешните членови на One Direction му укажаа почит така што на автомобилите имаа ставено лепенки со симболот на Бетмен, во чест на тоа што Лиам бил опседнат со овој херој.
Освен емотивните пораки, неговото семејство делеше летоци со ликот на Лиам, со кои што ги замоли присутните на погребот, да му ја исполнат желбата и да донираат средства за детска болница во негова чест.
Прочитајте и Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син Беар
Погледнете неколку фотографии од погребот:
Б. С. Б. | Црнобело