Џесика Симпсон пред развод, откако го надмина алкохолизмот: „Хистерична е и опседната со пластични операции, сопругот не ја поднесува“

„Сопругот на Џесика, Ерик, постојано кажува колку е тешко да се живее со личност која е опседната со операции и нема допир со реалноста. Прашање на време е кога ќе побара развод“, велат извори блиски до парот.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-01.jpg

Откако успеа да го надмине алкохолизмот и да се врати во форма, Џесика Симпсон се соочува со проблеми во бракот.

Гласините дека е пред развод со сопругот Ерик кружат уште од почетокот на 2023-та, а некои извори тврдат дека веќе цела година тие не живеат заедно.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-04.JPG

Последно, Џесика сподели неколку провокативни фотки на Инстаграм, кои, заедно со описот, за фановите се доказ дека на бракот му дошол крај.

Со фотките, Џесика го најавува враќањето во музичката индустрија, по долгата пауза.

„Ова враќање (на музичката сцена) е лично, ова е извинување до мене, за тоа што трпев работи што не ги заслужив“, стои во описот.

Веќе неколкупати, Џесика е забележана во јавност без нејзиниот прстен.

Исто така, повеќе од една година нема споделено фотографија со сопругот Ерик со кого е во брак 10 години.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-5.JPG

Не е познато што трпела Џесика, но според извори блиски до парот, сопругот Ерик е тој кој повеќе не можел да издржи.

Иако Џесика дефинитивно го надминала алкохолизмот, сега проблем било нејзиното променливо расположение и хистерично однесување.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-02.JPG

„На Ерик му е ’преку глава‘ од хистеријата и променливото расположение. Џесика, пак, мисли дека во бракот веќе нема романса.

Сите околу нив се прашуваат уште колку долго ќе издржат вака. Ерик си тера по свое веќе некој период.

Постојано кажува колку е тешко да се живее со личност која е опседната со операции и нема допир со реалноста“, вели еден од изворите.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-07.JPG

Изворот вели и дека Ерик пробува да се дистанцира од Џесика и веќе цела година не се заедно.

„Ерик се справува со проблемите на Џесика многу долг период. Во еден миг е радосна, во следниот почнува да плаче и се крие во собата по цел ден.

Кога станува збор за бракот, само прашање на време е (кога ќе се разделат). Ерик повеќе не може да трпи“.

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-08.JPG

Засега ни Ерик ни Џесика се немаат огласено за шпекулациите.

Инаку, парот се венча во 2014 година, а заедно имаат три деца.

Претходно, Џесика беше во брак со Ник Лачи.

Прочитајте и: „Се убивав со алкохол“ – Џесика Симпсон искрена за борбата со зависноста и траумите од сексуалното малтретирање

dzhesika-simpson-pred-razvod-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-histerichna-e-i-opsednata-so-plastichni-operacii-soprugot-ne-ja-podnesuva-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg