Одел по барови без неа, не ја поднесувал: Знаци дека бракот на Џесика Симпсон беше осуден на пропаст

„Ерик честопати ја оставаше Џесика сама дома и одеше по барови. Го вадеше прстенот и се дружеше со млади девојки и славни личности“.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-01.jpg

Не помина ни половина јануари, а веќе има два развода од светот на славните – Џесика Алба и Кеш Ворен, но и Џесика Симпсон и Ерик Џонсон.

За разводот на 44-годишната пејачка и 45-годишниот Ерик се шпекулира веќе неколку месеци, а сега гласините се потврдени и официјално.

За магазинот People, Џесика сама откри дека се разделени:

„Ерик и јас живееме одвоено и се справуваме со болен период. Нашите деца се на прво место и се фокусираме на она што е најдобро за нив.

Ја цениме приватноста додека го надминуваме тешкиот период“.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-10.JPG

Според фановите, низ годините имало многу знаци дека бракот на парот е осуден на пропаст.

Дел од нив во продолжение:

Чекаа четири години по свршувачката за да се венчаат

Пред да ја почнат врската, Џесика беше во брак со Ник Лачи, додека Ерик Џонс беше во брак со Кери Д’Анџело.

Тие се запознаа во 2010-та, веднаш почнаа врска и се свршија по само шест месеци.

Но, чекаа дури четири години за да направат свадба.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-4.JPG

Уште од почетокот имале проблеми

Кога кон крајот на минатата година почна да се шпекулира за разводот на Џесика и Ерик, извори блиски до парот изјавија дека имале проблеми уште на почетокот.

„Џесика и Ерик имаат проблеми со години, уште пред да почне пандемијата.

За жал, не е изненадување што се подготвуваат за развод. Не е тајна дека се оддалечуваат веќе некое време“.

Наводно, Џесика пробувала да работи на бракот изминативе неколку години, но повеќе се фокусирала на битката со алкохолизмот.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-06.JPG

Ерик не ја поднесувал и излегувал по барови без неа

Истите извори велат и дека Ерик одамна веќе не ја поднесувал Џесика, а ова само се влошило изминатиов период.

„Ерик честопати ја оставаше Џесика сама дама, додека тој се забавуваше по барови.

И, како да не му беше гајле ако го види некој. Многупати беше забележуван со помлади жени и славни личности и не го носеше неговиот прстен“.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-02.JPG

И Џесика извесен период го „забораваше“ прстенот дома

Покрај Ерик, и Џесика многупати е забележувана без прстенот на рака.

Всушност, откако ја прославија десетата годишнина, ниту еднаш не е фотографирана со прстенот.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-03.JPG

Живееја одвоено

Долго пред да ги соопштат вестите за разводот, Џесика и Ерик воопшто не живееја заедно.

А, фановите го забележаа ова откако сфатија дека Џесика, која е мошне активна на Инстаграм, речиси и да не споделува фотографии од Ерик.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-09.JPG

Наводно имале финансиски проблеми

Кога се појавија шпекулациите за разводот, некои американски медиуми споделија дека Џесика подигнала кредит од неколку милиони и го ставила семејниот дом под хипотека бидејќи со Ерик имале финансиски проблеми.

Тие извадиле три кредити во 2017-та, а пред две години дури и ја ставија куќата на продажба.

Според изворите, Џесика ги потрошила сите пари обидувајќи се да го пробие својот моден бренд.

Сепак, според објавите на Инстаграм, Џесика веројатно уште живее во истата куќа, а и финансиската состојба сигурно ѝ е драстично подобрена бидејќи периодов е многу поактивна.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-13.JPG

Разводот може да се претвори во битка за пари и старателство

Сега кога е јасно дека се разведуваат, некои американски медиуми велат дека разводот нема да помине баш лесно.

Додека богатството на Ерик се проценува на околу 10 милиони долари, Џесика има многу повеќе пари благодарение на нејзината музичка кариера и соработката со брендови.

Па, можно е Ерик да бара голем дел од нејзините пари.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-12.JPG

Можно е да има и битка за старателството на нивните три деца кои се на возраст од 12, 11 и 5 години.

Наводно, изминативе неколку години Ерик бил тој кој повеќе се грижел за децата, бидејќи Џесика се фокусирала на кариерата.

Па, може да им предност доколку одат на суд.

odel-po-barovi-bez-nea-ne-ja-podnesuval-znaci-deka-brakot-na-dzhesika-simpson-beshe-osuden-na-propast-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg