„Се убивав со алкохол“ – Џесика Симпсон искрена за борбата со зависноста и траумите од сексуалното малтретирање

Четири години откако ја победи зависноста од алкохол и апчиња, Џесика Симпсон сподели фотографија направена во миговите кога го допрела дното. До 2017-та пејачката имаше сериозни проблеми со зависностите кои произлегле од притисокот што го носи славата, но и трауматичните искуства од детството.

sakav-da-chuvstvuvam-bolka-za-da-ja-nosam-kako-medal-dzhesika-simpson-otvoreno-za-zavisnosta-i-maltretiranjeto-vo-detstvoto-foto-01.jpg

Џесика Симпсон со години се справуваше со зависност од алкохол и лекови, која успешно ја надмина во 2017 година.

Оттогаш се нема напиено ни капка алкохол, а сега, сакајќи да прослави за својот успех, 41-годишната пејачка сподели фотографија од периодот кога го допрела дното и одлучила дека е време да направи промена.

На објавата, Џесика изгледа непрепознатливо – во лежерно издание, нејзиното лице е потечено и е како потполно друга личност.

„Оваа личност фотографирана утрото на 1-ви ноември 2017-та е непрепознатлива верзија од мене. Во овој момент знаев дека ќе си дозволам да си ја вратам светлината, ќе извојувам победа над мојата внатрешна битка.

За да го направам ова, требаше да престанам да пијам алкохол бидејќи поради него моите срце и ум тапкаа во место и, искрено, бев преморена. Сакав да ја почувствувам болката за да можам да ја носам како медал.

Не ми се верува дека поминаа 4 години! Ми се чини како да се најмногу 2. Мислам дека тоа е добро. Има голема стигма околу зборот алкохолизам или алкохоличар.

Она на коешто најмногу требаше да работам беше да ги прифатам падовите, болката и самосаботажата. Пиењето не беше проблем. Јас бев. Не се сакав себеси. Не ја почитував мојата моќ.

Денес го правам тоа. Се помирив со стравовите и ги прифатив деловите од мојот живот кои се само тажни. Ја поседувам мојата моќ со голема храброст. Искрена сум и отворена. Јас сум слободна“, пишува во емотивната објава на пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Минатата година пејачката ги објави нејзините мемоари, насловени Open Book (Отворена книга), каде што открива детали за проблемите со зависност, како се справувала, но и што воопшто ги предизвикало.

„Се убивав со пиење и апчиња“, пишува пејачката која вели дека поради зависноста почнала да стравува за нејзиниот живот.

Можеби најшокантното откритие во книгата е трауматичното искуство од детството на пејачката.

Имено, Џесика била сексуално малтретирана од личност блиска до нејзиното семејство, а траумите од овој настан имале големо влијание врз нејзината зависност.

Најпрво Џесика мислела дека таа е виновна, но на 12-годишна возраст собрала храброст да им каже на родителите.

Тие веднаш го прекинале контактот со напаѓачот, но никогаш повеќе не го дискутирале настанот со пејачката, ниту ја однеле кај професионалец, па таа самата морала да се справува со траумите.

Џесика го издаде првиот албум кога имаше едвај 16 години, а славата што ја стекна си донела и други проблеми. Обидувајќи се да се справи со целиот стрес, Џесика почнала да пие алкохол и разни лекарства за смирување.

Со текот на времето, зависноста станувала многу посилна од неа и во 2017-та, Џесика вели дека го допрела дното.

Таа година пејачката организирала забава за Ноќта на вештерките во нејзиниот дом и дури тогаш им кажала на пријателките со каков проблем е соочена:

„Морам да престанам. Нешто мора да престане. И, ако ова ми е од алкохолот и ако тој ми ја влошува ситуацијата, тогаш престанувам со пиење“.

По ова, пријателките и семејството ѝ ја дале потребната поддршка и Џесика вели дека оттогаш се нема напиено ни капка алкохол.

„Кога конечно изјавив дека ми треба помош, почувствував како малото девојче во мене повторно да си ја најде смислата на животот. Ја открив мојата насока, а тоа беше да одам напред без страв“.

Денес Џесика дефинитивно се чувствува многу подобро – во среќен брак е, има три дечиња, како и модна линија која вреди милиони.

Повеќе фотки од Џесика на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg