Лудите (и опасни) работи што ги прават Кардашијанс за да бидат слаби
Вежбање со костим за потење
Костимите за потење го поттикнуваат потењето бидејќи го загреваат телото.
А, некои веруваат дека ако вежбате со ваков костим, побрзо ќе ослабите.
Ким самата откри дека често вежба со овој костим, а истото го прават и нејзините сестри.
Сепак, иако овие костими го поттикнуваат потењето, нема доказ дека со нив се слабее побрзо, а наводно можат да бидат и опасни бидејќи го прегреваат телото.
Изгладнување
Покрај останатите екстремни диети, Кардашијанс некогаш се потпираат и на изгладнување доколку сакаат да ослабат за пократок период.
Ова, секако, е опасен метод за слабеење бидејќи може да доведе до развој на нарушување во исхраната.
Лижавчиња за слабеење
Покрај чајот, Кардашијанс имаат рекламирано и лижавчиња за слабеење за кои тврдеа дека функционираат.
Според рекламата која Ким ја објави, па ја избриша, овие лижавчиња го намалуваат чувството на глад.
Избегнување глутен
Луѓето со нетолеранција или алергија на глутен треба да го избегнуваат глутенот.
Но, ова не важи за останатите бидејќи глутенот е важен за нормалното функционирање на телото.
Наводно, извесен период и некои од децата на Кардашијанс биле присилени да го избегнуваат глутенот.
Тесни корсети
Целта на овие корсети е да ја направат половината потенка и пред некоја година, Кардашијанс редовно се фотографираа со нив.
Но, овие корсети не го поттикнуваат слабеењето, а можат да бидат и опасни бидејќи создаваат голем притисок на органите.
Спирова С. | Црнобело