Лудите (и опасни) работи што ги прават Кардашијанс за да бидат слаби

Чаеви и лижавчиња за слабеење, како и носење тесни корсети за истакната половина – кои се најчудните, но и најопасните работи што ги прават сестрите од кланот Кардашијан-Џенер? 

ludite-i-opasni-raboti-shto-gi-pravat-kardashijans-za-da-bidat-slabi-01.jpg

Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се ријалити ѕвезди (и инфлуенсерки), па не треба да нè чуди што се опседнати со изгледот.

А, покрај пластичните операции и разните процедури за разубавување, тие користат и секакви трикови и третмани за слабеење.

Клои Кардашијан има изјавено дека ја пробала „секоја диета што постои“ за да се ослободи од вишокот килограми, додека Ким Кардашијан отиде во крајност кога ослабе скоро осум килограми за неполн месец.

А денес, сите сестри се послаби од кога било. Освен можеби Кортни која за разлика од останатите вели дека не се оптоварува со вишокот килограми по последната бременост.

Кои се најлудите работи што ги направиле Кардашијанс за да ослабат?

Наглото слабеење на Ким

Додека многумина ја критикуваа дека поставува лош пример за младите девојки, Ким гордо кажуваше дека ослабела речиси осум килограми за Мет галата во 2022 година.

Тогаш ријалити ѕвездата носеше фустан од Мерилин Монро, а за да „влезе“ во него откри дека скоро цел месец воопшто не внесувала јаглехидрати.

А, ова, може да биде навистина опасно бидејќи јаглехидратите се неопходни за правилно функционирање на организмот.

ludite-i-opasni-raboti-shto-gi-pravat-kardashijans-za-da-bidat-slabi-02.jpg

Аткинсонова и други строги диети

Иако многумина ја следат оваа диета, Ким изјави дека ја следела премногу строго и ослабела дури 30 килограми.

Слично како за фустанот на Мет галата, Ким речиси и да не внесувала јаглехидрати.

Низ годините, сестрите имаат зборувано за бројни строги диети кои наводно им помогнале брзо да ослабат.

ludite-i-opasni-raboti-shto-gi-pravat-kardashijans-za-da-bidat-slabi-03.jpg

Напорни тренинзи

Клои има изјавено дека вежба седум дена во неделата, без исклучок.

А, според нејзиниот тренер, со секое вежбање согорувала над 500 калории.

Слични распореди имаат и другите сестри и наводно никогаш не испуштале тренинзи.

ludite-i-opasni-raboti-shto-gi-pravat-kardashijans-za-da-bidat-slabi-04.jpg

Чаеви за слабеење

Кардашијанс редовно рекламираат чај за слабеење за кој, пак, нема доказ дека помага во слабеењето.

Истовремено, многумина го критикуваат продуктот како нездрав.

Имено, дел од несаканите ефекти од чајот што го рекламираат вклучуваат гадење, дијареја, ослабување на дебелото црево, па дури и зависност.

А, сестрите не само што го рекламираат, туку Ким и Клои редовно го пиеле.

ludite-i-opasni-raboti-shto-gi-pravat-kardashijans-za-da-bidat-slabi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Примирје заради децата: Ким и Канје видени двапати заедно во една недела Организираа заедничка вечера за другарките на ќерката Норт и заедно присуствуваа...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Едвај дише, едвај оди – Што сѐ е подготвена да направи Ким Кардашијан за да биде ѕвезда на Мет гала? „Ако чевлите имаа потпетица, таа може да се закачи за здолништето. Дишењето во к...
Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg