Примирје заради децата: Ким и Канје видени двапати заедно во една недела
- Детали
- четврток, 01 февруари 2024
Организираа заедничка вечера за другарките на ќерката Норт и заедно присуствуваа на натпреварот на синот Сент. Ким и Канје се трудат да ги подобрат односите заради доброто на децата и да ги „смират страстите“.
Ким Кардашијан и Канје Вест во вторникот беа забележани заедно на вечера со нивните деца и другарите од училиште на нивната ќерка Норт (10). Канје на вечерата дојде сам, без сопругата Бјанка Сенсори, а на фотките може да се види дека главата ја прекрил со црна маска.
Ким на себе носеше долго црно здолниште и топ, а целиот изглед го надополни со долга црна бунда. Очигледно, ријалити ѕвездата имала проблем со чевлите, па на една од фотките се гледа дека ги држи во раце.
Норт и нејзините другарки, пак, се појавија во идентични широки дуксери, со натписот Vultures во чест на новиот албум на нејзиниот татко кој го носи истото име.
Инаку, ова е вторпат Ким и Канје да бидат забележани заедно во само неколку дена.
Во текот на минатата недела, тие беа фотографирани како заедно присуствуваат на кошаркарскиот натпревар на нивниот син Сент.
Беа „уловени“ како водат краток разговор, но не седеа еден до друг и држеа одредена дистанца за време на целиот натпревар.
За потсетување, Ким и Канје најавија дека се разделуваат во февруари 2021-ва година, а нивниот развод беше финализиран во ноември 2022-ра година.
Погледнете повеќе фотки од двете неодамнешни средби во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело