Вознемирувачки тврдења за Метју Пери: „Физички нападна 2 жени, флертуваше со 19-годишни девојки, не беше трезен“
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
Според нови изјави на извори на Daily Mail, Метју Пери бил насилен кон неговата свршеница Моли и токму поради тоа се разделиле. Истовремено, актерот ја нападнал неговата најдобра пријателка, а и воопшто не престанал со користење дрога, без разлика што тврдеше дека се ослободил од пороците.
Извори кои се наводно блиски до Метју Пери, за Daily Mail откриваат навистина непријатни детали од последните години од животот на актерот.
Имено, тој физички нападнал неколку жени, вклучувајќи ја и неговата поранешна свршеница Моли Хурвиц.
Според изворите, во 2021 година, Моли се сомневала дека актерот ја изневерува, па кога почнала да му зборува за тоа, тој многу се разгневил и со раката превртел цела масичка.
„Ја фрли масичката кон неа и ѝ рече дека е луда. Не му се допаѓаше што Моли го остави, Метју имаше сериозни проблеми со стравот од тоа да биде напуштен“, вели изворот.
Метју и Моли почнаа да се гледаат во 2018-та, а открија дека се разделиле во летото во 2021-ва, наводно бидејќи актерот флертувал со 19-годишна девојка онлајн.
Но, сега изворите велат дека тие се разделиле уште во февруари 2021-ва, по огромна караница за Денот на вљубените.
Наводно, Метју купил подарок за млада девојка што ја запознал онлајн, а Моли го прашала за ова. Тогаш се случил и нападот, по што Моли си заминала.
Во своите мемоари, актерот напиша:
„Бев под дејство на дрога кога ја побарав за жена. Постепено сфатив дека сум свршен, дека живеам со жена и две кучиња… Не бев подготвен за ова… Па, раскинавме“.
Изворите на Daily Mail тврдат дека ова не е точно и било напишано само со цел да ја повреди Моли.
Во март 2022-ра, актерот ја нападнал и неговата пријателка Морган Моузес која живеела во неговата куќа. Морган живеела со Пери за да му помогне да остане трезен.
Кога Морган го прекорила актерот бидејќи користел дрога, тој се разгневил, ја турнал Морган кон ѕидот, фрлил предмет кон неа, па на крај ја турнал на креветот.
Всушност, не било реткост атерот да изреагира бурно кога Морган го прекорувала за пороците, за на крај таа да си замине.
„Паничеше бидејќи личноста која отсекогаш била покрај него го напушти. Тие безуспешно се обидоа да останат пријатели. Овој пат, Метју ги претвори заканите за насилство во вистинско насилство“, вели изворот.
„Метју имаше ужасен нервен слом и во еден момент не можеше да ги контролира емоциите. Му беше страв дека Морган ќе го напушти.
Ја турна Морган во ѕидот, а потоа ја фрли на креветот. И, таа си замина. Метју што го знаеја неговите блиски и Метју што ѝ беше познат на јавноста беа две многу различни личности“, изјави друг извор за Daily Mail.
Кон крајот на минатата година, се појавија гласини и дека актерот воопшто не престанал со користење наркотици.
Наводно, тој наоѓал млади девојки на апликации за состанување кои му носеле дрога во домот.
Спирова С. | Црнобело